Виталиа се грижи за лицата со попречен вид

Новите Супер-колачи на Виталиа со Брајова азбука!

vitalia-se-grizi-za-licata-so-poprecen-vid-01.jpg

Македонскиот производител на здрава храна Виталиа продолжува со своето општествено одговорно делување. Покрај тоа што креира здрави производи за цела популација, произведува и специфични производи за одредена категорија консументи, за луѓе со попреченост, а овој пат се реши да им помогне на лицата со оштетен вид. Имено компанијата се погрижи на амбалажата на своите најнови производи, Super cookies, да биде испишана Брајовата азбука!

Виталиа е првата компанија од прехранбената индустрија во Македонија со ваква иницијатива, потврдувајќи ја со тоа уште еднаш својата решителност да им помага на луѓето од ранливите категории. Во компанијата веруваат дека тој чекор ќе го следат и другите компании.

Лицата со попреченост на видот се дел од нашата заедница и заслужуваат да им бидат овозможени истите права и уживања како и на сите нас. Сега  за прв пат ќе можат самите во продавница да ги препознаат и да ги изберат овие здрави продукти кои Виталиа ги нуди”, изјави Искра Ветаџокоска Муцунска, менаџер и ко-сопственик на Виталиа.

Виталиа  оваа година слави јубилеј 25 години од своето основање, цврсто решена дека нејзината општествено одговорна улога ќе продолжи и понатаму, со уште поголем интензитет, покажувајќи лидерство и висока деловна одговорност, и почит кон локалната заедница.

Виталиа е македонска производна компанија за здрава храна која континуирано ги следи истражувањата и трендовите во прехранбената индустрија, и која е присутна на сите поголеми интернационални саеми за храна. Ги има имплементирано најстрогите интернационални стандарди за безбедна храна како IFS, НАССР, ISO, BRC, Vegetarian. Произведува широко портфолио на производи за сите генерации, за различни категории на луѓе, за оние кои сакаат да одржуваат здрав живот, како и за оние со одредени потешкотии. Производи, кои се препознатливи по квалитетот и одличниот вкус.

vitalia-se-grizi-za-licata-so-poprecen-vid-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Сандра Кирков воодушевена од плажа во Црна Гора: „Сет лежалки е 25€, еспресо 2,20€, бич-барот е во б... „Модерно е, естетски убаво, има супер ресторанче, тушеви, во позадина свири лаун...
Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...
Кире Лазаров не сака лицемерие, Каролина - доцнење: Која навика кај луѓето најмногу ги нервира позна... „Ме нервира кога луѓето јадат со отворена уста или џвакаат мастика со отворена у...
Познати Македонци кои го започнаа лето 2025 со одмор во Турција – водни лудории со деца, уживање во ... Лила Филиповска се забавува и се качи на фламинго за време на одморот во Бодрум,...
Ледената Бетика 15 години учествува на Вевчански карневал: „Сама ги правам маските, сум се враќала о... „Дел сум од оваа 1.400 и кусур годишна традиција 15 години, не како набљудувач, ...
Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите... „Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од роман...

Најчитани неделава