MyKi Pet уред за лесно лоцирање на домашните миленици

Телекомуникациската компанија Vip ја збогатува својата понуда со уште еден уникатен уред, овојпат наменет и дизајниран за домашните миленици.

myki-pet-ured-za-lesno-lociranje-na-domashnite-milenici-01.JPG

MyKi Pet уредот достапен ексклузивно преку мрежата на Vip им помага на сопствениците на домашни миленици да го следат нивното движење и локацијата на која се наоѓаат и тоа во реално време користејќи Android/iOS апликација.

Независно од тоа колку миленичињата се тренирани, приврзани кон своите сопственици, постои можност да залутаат или да се изгубат, а во тие моменти брзата реакција од страна на сопствениците е од најголема важност. MyKi Pet е уредот кој овозможува сопствениците да ја следат локацијата на својот миленик каде и да се наоѓа и секогаш да знаат каде точно се наоѓа. Се одликува со едноставност за употреба и е произведен од нетоксични и безопасни материјали. Како дополнителна функционалност достапна е програмата за “тренинг” која нуди преку 4 различни звуци кои овозможуваат дресура  на милениците да извршуваат различни команди.   

myki-pet-ured-za-lesno-lociranje-na-domashnite-milenici-02.JPG

Преку GPS, LBS и Wi-Fi локализацијата, MyKi Pet овозможува прецизна локација на миленичето со точност до 10 метри. Сопственикот на миленичето може да постави безбедносна зона околу вообичаеното место за прошетка и доколку миленичето ја премине оваа зона, сопственикот во истиот момент ќе добие нотификација. Тракерот тежи само 28 грама и затоа е лесно да се постави независно од големината на домашниот миленик.

MyKi Pet тракерот е достапен за 0 денари, со договор склучен на 24 месеци за тарифниот модел Vip MyKi Pet со претплата од 199 ден./месечно.

myki-pet-ured-za-lesno-lociranje-na-domashnite-milenici-03.JPG

За повеќе информации посетете ја нашата веб-страница www.vip.mk или јавете се на 077 1234.

Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Бугимен е Огнен, Eрик Фокс е Кирил - Кои се вистинските имиња на домашните диџеи? Диџеј Бабура, кој почина во 2016-та, со години беше еден од најпопуларните диџеи...
Ивона Јо за татко ѝ кој ненадејно почина пред 7 месеци: „Со присуството Божјо многу полесно го помин... „Од мај лани интензивно се посветив на верата и почнав да гледам со други очи на...
„Не беше лесно, но вреди“ - Миро Кацаров ужива дома со синот кој наполни 6 месеци и ќерката на сопру... „Не беше секогаш лесно, но секој момент вредеше за оваа љубов“, напишаа Ивана и ...
Весна Петрушевска ги шета 6-те миленици, Џокер позира со Антониа Гиговска и Барбара Поповиќ: Што пра... Игор Џамбазов ѝ честиташе 60-ти роденден на сестра му Тања: „Сите имаат по некој...
Ќе се мажи Ивона Јо, го покажа свршеничкиот прстен: „Најлесното ДА“ Откако пејачката објави видео на кое покажува свршенички прсен, едни ѝ честитаа,...

Најчитани неделава