Ивона Јо за татко ѝ кој ненадејно почина пред 7 месеци: „Со присуството Божјо многу полесно го поминав тој момент“
- Детали
- четврток, 09 април 2026
„Од мај лани интензивно се посветив на верата и почнав да гледам со други очи на смртта, воскресението и сè она што нè очекува после смртта и дури го живееме животот. Ме спремал Бог за ова, но не директно, нормално. Јас тоа не го знаев, го освестив откако татко ми си замина“, вели Ивона Јо.

Нашата пејачка Ивона Јо пред околу 7 месеци се соочи со еден од најтешките моменти во животот - смртта на нејзиниот татко.
Таа неколкупати кажа дека тој починал ненадејно, а неа и по повеќе од половина година не ѝ се верува дека го нема.
За неговата смрт, но и како верата ѝ помогнала полесно да помине низ ова, иако и понатаму ѝ е многу тешко, таа зборуваше во подкастот „Равенка за успех“.

Во интервјуто, Ивона вели:
„Да, се случи ненадејно да си замине од овој свет. И, не би кажала дека не ме спремал Бог.
Јас од мај лани интензивно се посветив на верата и почнав да гледам со други очи на смртта и на воскресението и на сè она што нè очекува после смртта и дур го живееме животот.
Ме спремал, но не директно, нормално. Јас тоа не го знаев, го освестив откако си замина.

Можам да кажам дека сите како живи битија си замислуваме како ќе биде кога... ни проаѓа низ глава како ќе биде кога некој човек ќе го изгубиме од нашиот живот, посебно кога станува збор за нашите родители.
Можам да кажам дека сум преблагодарна затоа што сум работела на сегментот верата во мене, затоа што со присуството Божјо многу полесно го поминав за разлика од сите мои во мојата околина.

Има мигови во коишто се потсетувам дека не е тука, затоа што сè уште не ми е верно, поминаа шест месеци, седум, од неговото заминување и сè уште не сум свесна дека не е тука“, вели таа.

Кликнете и погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело