Виталиа учествуваше на Светскиот саем за храна во Москва

Нашиот најголем производител на здрава храна – компанијата Виталиа, неодамна се претстави на Светскиот саем за храна кој оваа година се одржа во руската престолнина Москва.

vitalia-ucestvuvase-na-svetskiot-saem-za-hrana-vo-moskva-1.jpg

Како дел од националниот штанд на Македонија, кој е кофинансиран од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Виталиа  се претстави со најновата палета на здрави производи од таканаречената “raw” линија, која го задржа вниманието на посетителите, а исто така се презентираа  и“Go Nutri” баровите, протеинска линија, безглутенските производи и многу други.

Производите на Виталиа побудија значителен интерес кај љубителите на здравата храна на подрачјата на руските териотрии, кои се познати како едни од најпребирливите кога се работи за балансот помеѓу здравјето, вкусот и цената на производот.

Со присуството на овој саем, како и со бројните контакти што беа остварени со дистрибутери и трговски ланци од источниот дел на Европа, Виталиа не само што ги зголемува своите потенцијали и конкурентност на руската територија и генерално на подрачјето на Источна Европа, туку и го отвора патот за пласман на своите линии но и на македонските производи во целост во овој дел од Европа.

Компанијата и понатаму ќе учествува на светските саеми со цел да биде поблиску до светските трендови и иновации од областа на здравата храна со што ќе се обезбеди и долгорочен развој на компанијата

vitalia-ucestvuvase-na-svetskiot-saem-za-hrana-vo-moskva-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Ребека и сопругот се повредија, по една рака им е во лонгета: „Што ти се вика љубов“ „Да видите како миеме садови. Тој држи, јас со десна мијам. Мајка ми да ни е жив...
Сандра Кирков воодушевена од плажа во Црна Гора: „Сет лежалки е 25€, еспресо 2,20€, бич-барот е во б... „Модерно е, естетски убаво, има супер ресторанче, тушеви, во позадина свири лаун...
Самохрана мајка на 3 деца од Скопје: „Добив термин за операција - првата мисла не ми беше за мене, т... „По операцијата сама се вратив дома. Со завои од канили, со преврски, со попатно...
Жаклина Денковска е самохрана мајка на два сина: „Теодор (6) има аутизам, сега стана прваче - имам т... „Го запишавме во училиште со многу емоции, стравови и надежи што само родител на...
Браво Ангела! Средно училиште од Скопје е гордо на својата матурантка - оди на натпревари, олимпијад... Ваква младина сакаме! И горди сме на секој првенец на генерација во Македонија. ...

Најчитани неделава