Македонски Телеком ги носи „Звуците на Скопје” на Џез фестивалот

Како ќе ги опишеш „Звуците на Скопје”!?

makedonski-telekom-gi-nosi-zvucite-na-skopje-na-jazz-festivalot.jpg

За овогодишното издание на Скопје Џез фестивал, нивниот долгогодишен партнер – Македонски Телеком, за вљубениците во џезот подготви уникатен подарок и изненадувања кои на едно место ќе ги спојат музиката, технологијата и долгата љубовна приказна на Скопје и џезот.

Од 18-21 октомври, посетителите на Скопје Џез фестивал ќе имаат прилика на нов, иновативен и интересен начин да ја доживеат оваа приказна преку композицијата која музичарот Ристо Солунчев ја создаде од самите звуци на градот, а за чие слушање и доживување Македонски Телеком се погрижи да овозможи несекојдневно интерактивно искуство. Во режија на Иван Блажев снимен е и видео запис, идеја на Македонски Телеком, инспирирана од Скопскиот Џез фестивал. Видеото можете да го погледнете на следниов линк.

Оваа љубовна приказна уште не е завршена. Скопје го сака џезот. А и џезот го сака Скопје. Затоа што се исти. Зашто ниедна друга музика не побудува толку спротивставени чувства, толку љубов и толку револт собрани на едно место. Како откачена џез нумера, звуците на Скопје се прекршуваат, изненадуваат, се засилуваат и исчезнуваат, вечно испреплетувајќи се во чудно-хармонична композиција која не си сигурен дали ти се допаѓа, но не можеш да престанеш да ја слушаш.

Скопје живее кога старите тивки џезери измешани и збунети со новите гласни, убави и самоуверени генерации, доаѓаат да слушаат џез. Никој веќе не припаѓа тука потполно, а сепак, сите припаѓаме подеднакво. Како џезот, како градот наш, како ние самите што вечно трагаме по себе и одново и одново се реинкарнираме во нови форми на постоење, на емоција, на звук. Аудио записи од „Звуците на Скопје” може да се симнат на следниов линк.

Би можело да ве интересира:

Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Мартин и Стефан од Некст Тајм во Рим - со постариот брат наздравуваат со ракија: „Повторна ергенска ... Поради фотографијата на која стои пораката „Повторна ергенска средба во Рим“, но...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава