Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија

vitaminka-se-pretstavuva-na-saemot-interfud-drink-vo-sofija-01.jpg

(Прилеп, 08.11.2018) - Витаминка од денеска се претставува на саемот Интерфуд & Дринк кој од 7 до 10 ноември по 17 пат се одржува во Софија. Овој меѓународен саем е најголема саемска манифестација за прехранбена индустрија во Бугарија и истовремено е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија во Југоисточна Европа па како таков нуди одлични можности за преставување, воспоставување контакти и отворање нови деловни можности. На овој настан има зголемено меѓународно присуство што овозможува создавање деловни релации, споделување искуство и позитивни бизнис практики, како и изнаоѓање на нови партнери и пазари. На саемот се организираат и дополнителни активности, групни форуми како и индивидуални состаноци и презентации.

vitaminka-se-pretstavuva-na-saemot-interfud-drink-vo-sofija-02.jpg

Витаминка со своите производи е веќе присутна и позната на бугарскиот пазар, а Чоко Стоби флипс, Атлантис, Бонитас, Кукис, Деспина, Весели јајца, Фрути и други се веќе препознатливи брендови во оваа земја, докажани со својот квалитет. 

Најголемиот производител на кондиторски производи во Македонија со претставувањето на Интерфуд & Дринк не само што ќе ја зацврсти својата позиција на бугарскиот пазар, туку ќе создаде простор за отворање потенцијални нови пазари и за нови пласмани.

vitaminka-se-pretstavuva-na-saemot-interfud-drink-vo-sofija-03.jpg

vitaminka-se-pretstavuva-na-saemot-interfud-drink-vo-sofija-04.jpg

vitaminka-se-pretstavuva-na-saemot-interfud-drink-vo-sofija-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Софија Јанева по првиот роденден на синот: „Ниту една мајка не сака да чуе - Паѓа срцева акција, мор... „Породувањето беше искуство што засекогаш ме промени, но уште 1.000 пати би поми...
Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
Софија Јанева: „На 40 дена син ми се разболе од RSV вирус, бевме на интензивна нега, со мало бебе шт... „Матео, точно на 40 дена, се разболе од RSV virus. Отидовме на интензивна нега, ...
Раскинаа Александар Динев и Евче, се огласија со заедничка објава: „Веќе 4 месеци не сме заедно“ Во стилот на светските ѕвезди, кои преку јавни заеднички објави откриваат дека р...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...

Најчитани неделава