Пивара Скопје и Министерството за здравство го отворија првото Роса школо за родителство во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје

Во рамките на партнерскиот проект на Пивара Скопје и Министерството за здравство, денес официјално беше отворено првото Роса школо за родителство во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.

pivara-skopje-i-ministerstvoto-za-zdravstvo-go-otvorija-prvoto-rosa-shkolo-za-roditelstvo-vo-poliklinikata-jane-sandanski-vo-skopje-01.jpg

На денешната прес-конференција беше најавено отворање и на уште две Роса школи за родителство до крајот на годината, и тоа во Општата болница во Гостивар и во Клиничката болница во Битола.

Овие Роса школи се наменети за сите заинтересирани идни родители и членови на нивните семејства, со цел да се охрабрат за одговорно и успешно родителство, но и за да се едуцираат како да се справат со секојдневните предизвици што ги носат нивните нови улоги.

Од Пивара Скопје истакнаа дека овој проект е од исклучително значење за нив како компанија, чија определба е да биде долгорочен партнер на целата заедница, а истовремено најавија дека и во иднина ќе продолжат да дејствуваат во насока на подобрување на условите за сите идни родители.

pivara-skopje-i-ministerstvoto-za-zdravstvo-go-otvorija-prvoto-rosa-shkolo-za-roditelstvo-vo-poliklinikata-jane-sandanski-vo-skopje-02.jpg

„Верувам дека преку овие Роса школи за родителство ќе успееме да направиме чекор напред кон подобрување на добросостојбата на сите идни родители, но и на здравството воопшто, како еден од најзначајните сегменти во општеството. Наша искрена цел е овој проект да премине во долгорочен и да продолжи да живее и во наредните години, со цел да им овозможиме на поголемиот број граѓани ширум Македонија да имаат современ и модерен пристап кон спокојно родителство“, изјави Владимир Косијер, генерален директор на Пивара Скопје.

На прес-конференцијата се обратија и министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, како и директорот на Здравствен дом ‒ Скопје, г. Злате Мехмедовиќ, кои, исто така, ја потенцираа важноста од ваков тип школи за родителство, како исклучително функционален и ефикасен облик на групни здравствено-воспитни работилници.

pivara-skopje-i-ministerstvoto-za-zdravstvo-go-otvorija-prvoto-rosa-shkolo-za-roditelstvo-vo-poliklinikata-jane-sandanski-vo-skopje-03.jpg

„Искрено, драго ми е што Пивара Скопје вистински ја покажува својата општествено-одговорна практика и во здравството, особено што допираме до родителството, како исклучително значајна категорија. Во овој проект влегуваме партнерски, со тоа што ние, како Министерството за здравство, ќе ги обезбедиме експертската помош и стручниот кадар од лекари специјалисти што ќе работат во сите три школи, со што сметам дека заедно ќе успееме да одговориме на сите можни прашања поврзани со родителството и ќе успееме да направиме позитивна разлика за општеството“, изјави доц. д-р Венко Филипче, министер за здравство.

„Во Роса школото за родителство ќе работи обучен и стручен тим составен од педијатар, гинеколог акушер и патронажна сестра, кои преку многубројни работилници, организирани во 5 тематски целини, ќе обучуваат за успешно родителство, за текот на бременоста и нега на трудниците, како и за подготовките за породување, негата и исхраната на новороденчето. Истовремено, би сакал да упатам и апел до сите заинтересирани да се пријавуваат во оваа поликлиника, бидејќи предвидените обуки навистина носат големи бенефити за родителството“, рече Злате Мехмедовиќ, директор на Здравствен дом ‒ Скопје.

pivara-skopje-i-ministerstvoto-za-zdravstvo-go-otvorija-prvoto-rosa-shkolo-za-roditelstvo-vo-poliklinikata-jane-sandanski-vo-skopje-04.jpg

Инаку проектот „Роса школи за родителство“ е резултат на шестмесечната кампања преку која беше издвоен по 1 денар од секое продадено шише вода „Роса“ од 1,5 л, а средствата беа наменети за комплетно реновирање и опремување на три простории во здравствените институции наменети за Роса школите за родителство.

pivara-skopje-i-ministerstvoto-za-zdravstvo-go-otvorija-prvoto-rosa-shkolo-za-roditelstvo-vo-poliklinikata-jane-sandanski-vo-skopje-06.jpg

pivara-skopje-i-ministerstvoto-za-zdravstvo-go-otvorija-prvoto-rosa-shkolo-za-roditelstvo-vo-poliklinikata-jane-sandanski-vo-skopje-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава