На празници, соништата се остваруваат!

Кога излегоа првите

/?t=19" target="_blank" rel="noopener noreferrer">мобилни телефони и безмалу секој имаше по еден в џеб, бев дете кое поседуваше свој сопствен мобилен телефон, како и повеќето мои врсници. Исто така, бев многу малечка и кога веќе имаше каков-таков интернет речиси во секој дом. Тогаш постарите ме прашаа: „Како испраќаш SMS? Каде оди пораката кога ќе ја испратиш? Како веднаш стигнува? Како имаш сè на интернет?“

na-praznici-sonistata-se-ostvaruvaat-001.jpg

Навистина не знаев што да одговорам. За да го покријам своето незнаење, кажав неколку модерни зборови како сервери и сателити. Се извадив некако.

Неодамна се присетив на таа ситуација која ме натера да размислам колку здраво за готово земаме сè во животот. Од љубовта на родителите преку доброто здравје, сè до придобивките на модерното време. Замислете, имаме струја! Печки, телевизори, компјутери, таблети, ракети, вселенски летала... а до скоро првите луѓе го чувале скапоцениот оган предизвикан од молња, за да не згасне.

Одговорот лежи во тоа што сме родени и пораснати во еден модерен свет, каде што новите технолошки пронајдоци се развиваат со брзина на светлината на дневно ниво, а нам отсекогаш ни биле подарени на тацна. Омилена играчка ни бил далечинскиот управувач, телевизијата нѐ хипнотизирала, а интернетот ни нудел бесконечна забава. Сите овие бенефити сме ги прифатиле толку природно и без прашање, зашто сме се родиле во времето на нивниот зародиш и сме растеле и сме се развивале паралелно со нив.

Пред само 50-ина години нашите баби и дедовци комуницирале преку писма. Кога некој одел на аџилак во странство, целото семејство се грижело за неговата судбина уште од моментот кога ќе заминел. Колку прослави и празници пропуштени, толку тажни срца, толку неизвесност!

Пред 30 години домашниот телефон на овие простори сè уште бил луксуз, исто како и телевизијата, а денес е возможно бесплатно да видеочетуваме со најверниот пријател на другиот крај на светот преку нашиот паметен телефон и дури револтирано да пријавиме 3-минутен прекин на интернет конекцијата во контакт центарот, кога „буквално“ сме се вратиле во каменото доба.

Овие празници, додека прославувате Нова година на „Скајп“ со блиските кои се во странство, додека си честитате во првата минута по полноќ преку најдобрата мрежа во земјава, додека ја гледате празнична програма на најдобрата MaxTV, потсетете се дека на празници, соништата се остваруваат!  Остварете си ги соништата и потребите со некоја од  празничните понуди на

/?t=19" target="_blank" rel="noopener noreferrer">Македонски Телеком и бидете благодарни за секој прекрасен миг со блиските овозможен  од новата технологија. Да искусиме, да доживееме, да документираме и... на крајот, најважното – да споделиме!

/" data-width="630" data-show-text="false">
/" class="fb-xfbml-parse-ignore">
/">Christmas Samsung

Празничната магија расте во последниот месец од годината! ☺️Искористете го бонусот од 8000 ден. и изберете го вашиот нов смартфон по супер цена: http://bit.ly/2zszvfh

Posted by Telekom MK on Friday, November 30, 2018

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Мартин и Стефан од Некст Тајм во Рим - со постариот брат наздравуваат со ракија: „Повторна ергенска ... Поради фотографијата на која стои пораката „Повторна ергенска средба во Рим“, но...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...

CRNOBELO.com

Следете нè на Facebook

Најчитани неделава