Рамсторе на денот на извлекувањето на големата нарадна игра го одбележа и Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

Вчера (03.12.2018), со почеток во 12 часот голем број потрошувачи, заинтересирани граѓани и учесници присуствуваа во трговскиот центар Рамсторе на извлекувањето на добитниците од наградната игра „13-ти роденден на Рамстор маркетите“.

ramstore-na-denot-na-izvlekuvanjeto-na-golemata-nagradna-igra-go-odbeleza-i-megjunarodniot-den-na-licata-so-posebni-potrebi-01.JPG

Возбуда, нетрпение и големо исчекување ги обзема присутните, особено оние чиј фокус беше главната добивка, 1 милион денари.

Наградната игра „13-ти роденден на Рамстор!“ започна на 4 октомври и траеше до 21 ноември оваа година, а можност за учество имаа сите полнолетни граѓани со фискална сметка над 1.000 денари. Со организацијата на оваа наградна игра Рамстор сакаше да искаже благодарност кон своите лојални потрошувачи за довербата, што го направи нивен прв избор во изминатите 13 години.

Особено ни е драго што големото извлекување на наградната игра се совпадна со 3 Декември -Meѓународен ден на лица со посебни потреби и во насока на визијата на Рамсторе која има за цел да превземе чувствителни активности кон општеството, токму на овој ден го поканивме Здруженито Трисомија 21  да бидат дел од овој убав настан со тоа што ни помогнаа дa ги извелечеме среќните добитници и сите заедно да го одбележиме 03 Декември Meѓународниот  ден на лицата со посебни потреби.

ramstore-na-denot-na-izvlekuvanjeto-na-golemata-nagradna-igra-go-odbeleza-i-megjunarodniot-den-na-licata-so-posebni-potrebi-02.JPG

Вчерашната дружба со Трисомија 21 се надополни со прошетка низ маркетот Рамсторе, трговскиот Центар Рамсторе Мол, како и посета на администартивните простории и со голема радост   беа пречекани од менаџментот и вработените на нашата компанија.

Целта на овој ден е да се поттикне подобро разбирање од страна на целокупното општество за луѓето со хендикеп,  да се поттикнат луѓето да станат посвесни за правата, достоинството и блосостојбата на лицата со посебни потреби, како и да се подигне свеста за придобивките од интегрирањето на лицата со посебни потреби во секој аспект на животот и општеството.

ramstore-na-denot-na-izvlekuvanjeto-na-golemata-nagradna-igra-go-odbeleza-i-megjunarodniot-den-na-licata-so-posebni-potrebi-03.JPG

Ова е само една од општествено одговорните активности кои  Рамсторе постојано ги спроведува. Ние како компанија  ќе продолжиме да се вклучуваме во слични општествено одговорни проекти со  цел да го побудиме хуманиот дел  и да го поттикнеме чувството на солидарност на хумана димензија кај сите.  Веруваме дека со денешното дружење успеавме да предизвикаме насмевка кај овие прекрасни личности кои ни го направија денешниот ден посебен изјавија од управата на Рамсторе. Сметаме дека со нашето денешно дружење и љубов, успеавме да предизвикаме насмевки на лицата на овие прекрасни луѓе кои го направија овој ден посебен за нас. Нашата желба е нашите пријатели со посебни потреби да ги придобиеме кон општеството и да овозможиме нивните права да ги користат во целост и на еднаков начин со останатите.

ramstore-na-denot-na-izvlekuvanjeto-na-golemata-nagradna-igra-go-odbeleza-i-megjunarodniot-den-na-licata-so-posebni-potrebi-04.JPG

ramstore-na-denot-na-izvlekuvanjeto-na-golemata-nagradna-igra-go-odbeleza-i-megjunarodniot-den-na-licata-so-posebni-potrebi-05.JPG

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...
Зои Блаж емотивно го слави 1-иот роденден на ќерката, откако пред 7 години ѝ кажаа дека нема да стан... „Ти благодарам што ме избра мене да бидам твоја мајка. Со тебе научив дека најуб...
Центар со поддршка за семејствата на летниот распуст, ги отвораме градинките за ученици до 10 годин... Општина Центар и оваа година обезбедува летно згрижување за деца до 10 годишна в...
„Минче ти си пример како едно девојче треба да се бори“ - Весна Петрушевска емотивна за 21-иот роден... „Се познаваме точно 20 години и 3 месеци. Имаше само 9 месеци и 4 и пол килограм...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава