Млекара Здравје со поддршка на хуманоста и здравиот начин на живот!

Во текот на месец декември, под мотото „Здравје во твои раце!“, Млекара Здравје реализираше бројни добротворни активности.

mlekara-zdravje-so-poddrshka-na-humanosta-i-zdraviot-nachin-na-zhivot-01.jpg

Во основните училишта во Скопје, Куманово, Битола и Струмица, беа донирани над 120.000 јогурти, за сите основци кои учат во овие училишта. „Крајната цел на оваа активност беше младите генерации да го применуваат здравиот начин на исхрана и внесување на здрави намирници во секојдневниот оброк“, велат од Млекара Здравје. Исто така во овој период јогурти беа доставени и до сите дечињата пациенти во Универзитетска Клиника за Детски Болести, во детскиот Институт за белодробни заболувања Козле, како и во Народната кујна Спасение во Ѓорче Петров.

mlekara-zdravje-so-poddrshka-na-humanosta-i-zdraviot-nachin-na-zhivot-03.jpg

mlekara-zdravje-so-poddrshka-na-humanosta-i-zdraviot-nachin-na-zhivot-02.JPG

Млекара Здравје своите добротворни активности ги прошири и со донација на повеќе од 2.000 зимски јакни на граѓаните на кои им е потребна помош.

Зимски јакни беа донирани на: Хуманитарна организација Свети Спас, Граѓанско здружение за унапредување на образованието кај Ромската популација Ирхом Топаана, Организација на жените Турчинки од Македонија Дерја, Здружение на глуви и наглуви во Куманово, Здружение на еднородителски семејства ЕДНА МОЖЕ!, во СОС детското село во Скопје и други граѓански здруженија.

„Ваквите активности се добредојдени и секогаш потребни и претставуваат искрена поддршка на ранливите категории на граѓани. Бескрајно сме благодарни на Млекара Здравје што за миг донесе насмевки на граѓаните кои ги поддржува нашата организација“, ни изјави Самир Мустафа, извршен директор на Граѓанско здружение за унапредување на образованието кај Ромската популација Ирхом Топаана.

Отец Оливер Петровски од Хуманитарна организација Свети Спас – Драчево, вели дека хуманоста ја поттикнува среќата, посебно кај граѓаните на кои им е потребна помош и додава, дека Млекара Здравје е нивниот редовен поддржувач, кој носи насмевки на лицата на семејствата кои тие ги поддржуваат.

Помошта на социјално загрозените категории, на ранливите категории граѓани, како и едукацијата на најмладите се сегменти ќе бидат приоритет во работењето на Млекара Здравје и во годината која следи, потврдувајќи ја на тој начин својата општествена одговорност и хуманост.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
7 идеи каде и како активно да ги поминете зимските викенди со децата, во околина на Скопје Забавувајте се во рекреативниот центар на отворено на Козјак, качете се со жични...
Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...

Најчитани неделава