Запознајте се со образовните програми на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ

(Скопје, 18.02.2019) - Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ ќе има Отворен ден во Скопје, со цел да ги претстави разновидните академски програми коишто ги нуди на својот кампус во Солун, Грција. Отворениот ден ќе се одржи во четврток, 21 февруари 2019 година, со почеток во 16.00 до 20.00 во хотелот Скопје Мариот.

zapoznajte-se-so-obrazovnite-programi-na-megjunarodniot-fakultet-na-univerzitetot-shefild-siti-koledz-02.jpg

За време на Отворениот ден, претставниците на Меѓународниот факултет ќе ги презентираат академските програми понудени во четири различни оддели - Бизнис, администрација и економија, Компјутерски науки, Англиски студии и лингвистика, како и одделот за Психологија.

Заинтересираните кандидати и идни студенти ќе можат да се запознаат со можностите за стипендии и ќе добијат детален увид во сè што Факултетот нуди на академско ниво преку наставните единици и методи, академскиот кадар, праксата и целосното академско искуство во меѓународно опкружување со престижни предавачи.

Универзитетот Шефилд е рангиран меѓу најдобрите 100 универзитети од целиот свет, (22ро место во Европа, 75то во светот - според QS ранг листата за 2019). Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ скоро три децении ги реализира програмите на Универзитетот Шефилд во Солун, Грција и на други локации низ регионот на Југоисточна Европа и Кавказ, давајќи им можност на студентите и професионалците да студираат и да се стекнат со дипломи од врвен британски универзитет.

Заинтересираните кандидати за да бидат дел од Отворениот ден на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, потребно е да аплицираат на линкот.

zapoznajte-se-so-obrazovnite-programi-na-megjunarodniot-fakultet-na-univerzitetot-shefild-siti-koledz-01.JPG

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Македонка со апел: „Не одете периодов во Солун, ни рекоа нема блокади на граница, а едвај поминавме“ „Инаку пред да тргнеме за Солун прашавме и ни кажаа дека ќе нема ограничување на...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Градскиот парк во Скопје е сцена од бајка во пролет (фото) Убавината е во очите на набљудувачот, а таков поглед на светот има нашата читате...

Најчитани неделава