Македонка со апел: „Не одете периодов во Солун, ни рекоа нема блокади на граница, а едвај поминавме“
- Детали
- среда, 07 јануари 2026
„Инаку пред да тргнеме за Солун прашавме и ни кажаа дека ќе нема ограничување на граничниот премин Евзони, односно нема најави за штрајк, но ете сепак имаше блокади...“, вели мајката на малата инфлуенсерка Фрида (6) и зборува за состојбата на Евзони и граничниот премин кај Дојран на почетокот од 2026-та.

Малата инфлуенсерка Фрида (6) првиот викенд од новата 2026-та година го искористи за прошетка во Солун со своите родители.
Но, нејзината мајка на Инстаграм профилот на Фрида сподели со какви огромни гужви на граница се соочиле, иако било најавено дека ќе нема блокади на границата.

За нивното искуство, мајката на Фрида споделува:
„Инаку пред да тргнеме за Солун прашавме и ни кажаа дека ќе нема ограничување на граничниот премин Евзони, односно нема најави за штрајк, но ете сепак имаше блокади (зборувам за сабота 3-ти јанари).

Моја препорака е да не одите периодов во Солун (ако не морате) и поради огромните гужви низ моловите и поради штрајковите на земјоделците.

Интересното е што ние на Евзони поминавме во 17:00 часот, а веќе во 17:10 часот затворија.

Инаку, имало 2 километри редици на Дојран за влез во Македонија (или во просек околу 2 часа чекање), а дознав дека во автомобилите чекале и по 4 часа“.

С. С. | Црнобело
