Сосиете Женерал Груп потпиша договор со цел продавање на Охридска Банка Сосиете Женерал на Штаермаркише Банка и Шпаркасе АГ

На 28 февруари 2019 година во Скопје, Сосиете Женерал, бул. Хаусман бр. 29, 75009 Париз, Франција  (29 boulevard Haussmann, 75009 Paris) ("СЖ") (акционер на Охридска Банка кој во моментот поседува 384.844 обични акции со право на глас издадени од Охридска Банка) и Штаермаркише Банка и Шпаркасе АГ, Шпаркасенплац 4, 8010 Грац, Австрија ("Штаер"), постигнале договор согласно кој, и под одредбите и условите предвидени во таквиот договор, СЖ ќе и ги продаде на Штаер акциите кои ги поседува во Охридска Банка.

societe-general-group-potpisa-dogovor-so-cel-prodavanje-na-ohridska-banka-societe-general-na-staermarkise-banka-i-sparkase-ag-001.jpg

Предвидената продажба на акциите издадени од страна на Охридска Банка ќе биде извршена преку тендер во понуда за продажба составена во согласност и условена со одредбите и условите (вклучувајќи ги правилата кои се однесуваат на конкурентски понуди) на Законот за преземање на акционерските друштва (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 69/2013, 188/2013, 166/2014, 154/2015, 23/2016 и 248/2018). Денес, управниот одбор на Охридска Банка прими од Штаер намера за преземање на сите акции издадени од страна на Охридска Банка ("Намера за преземање"). Порамнувањето на трансакцијата е очекувано да се случи во наредните месеци, имајќи предвид дека истото е предмет на обезбедување одобрувања од страна на Народната банка на Република Северна Македонија, Комисијата за хартии од вредност и Комисијата за заштита на конкуренцијата, како и сите неопходни странски регулаторни и антимонополски одобрувања. 

Охридска Банка АД Скопје, Сосиете Женерал Груп, во изминатите неколку години бележи рекордни резултати во своето делување, позиционирајќи ја банката на петто место на најголема банка по висина на средства, кредити и депозити на македонскиот банкарски пазар, активна во делувањето и со сегментот население и корпоративни клиенти.

Во наредните неколку месеци, Сосиете Женерал Груп и Штаер заедно ќе работат на добивање на потребните дозволи. Охридска Банка АД Скопје ќе продолжи да го услужува населението и корпоративните клиенти со истото ниво на квалитет и посветеност, спремајќи се за непречена транзиција за клиентите, обезбедувајќи притоа стабилност на нивниот однос со банката. 

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...

Најчитани неделава