Данаилов: Го променив карактерот благодарение на Ланголо

Никој не би помислил дека тема на разговор во еден обичен понеделник би можела да биде „машината со која се подготвува кафето“. Тоа за некој звучи смешно, меѓутоа за повеќето е секојдневна тема на разговор, земајќи предвид дека повеќето од нас сакаат да  пијат квалитетно кафе.

danailov-go-promeniv-karakterot-blagodarenie-na-langolo-01.JPG

Нашата дискусија со пријателите на ова тема започна во кафулето „Ланголо“. Локал кој се наоѓа во непосредна близина на романската амбасада во населба „Центар“. Мотивот на разговорот произлезе од самата специфична атмосфера во која се најдовме, мирисот на кафето што нѐ опои и шмекот на секој шмрк од нашите загреани шолји.

Не би останал рамнодушен ако не ви ја раскажам приказната на мојот пријател - адвокат Владимир Данаилов, која ако ја прочитате до крај можеби и за момент би размислувале како вистински италијанци. Луѓе кои во денот мора да одвојат барем еден час за другарување со кафето, луѓе кои и покрај турбулентниот начин на живот знаат што е важно за да го минимизираат стресот.

Таква личност е и Владимир. Кој адвокатските обврски и правните рамки низ кои гледа на работните ги стишува со неколку кафиња дневно. Данаилов за мене е голем љубител ама и познавач на кафето. Тој за себе вели дека кафето му дава повеќе сонце во денот, меѓутоа не какво било кафе, туку кафето на Верче, девојката која за него е најголемиот “виновник“ за стекнатиот истенчен вкус кој во „Ланголо“. Таа е вистинска подвижна енциклопедија, вели тој.

danailov-go-promeniv-karakterot-blagodarenie-na-langolo-02.JPG

Додека ние зборувавме, Верче создаваше уметност пред нашите очи. Покрај уметник, таа се покажа и како советник на млади луѓе кои размислуваат што да консумират во тој момент. Сигурен бев дека тие луѓе поради нејзиното искуство го држеа постојано полно кафулето.

Владимир вели дека кафулето е отворено на вистинско место и во право време. Неговите хоризонти се проширени со првото доаѓање овде, а вкусот е проширен поради блендовите во „Марко Поло“, „Етиопија„ и „Карусо“. Овие имиња му станале секојдневни другари, а машините со кои се приготвува нивното кафе - вистинска опсесија. За него е многу  битна машината и и ритуалот на приготвување, топлењето на чашите, асортиманот, но и самиот бариста, кои ги има на ова место.

Данаилов знае да се напие и до пет кафиња дневно, затоа важен е  амбиентот во кој го поминува своето време, дизајнот исто така игра важна улога во сето ова, а во „Ланголо“ тој ги пронаѓа предностите. Позитивен прст покажува кон добрата херметичка илозација на кафето и неприсутноста на дополнителни засилувачи, кои му дават до знаење дека пие здраво кафе. Како што и споменав, тој има три омилени кафиња. Најмногу од сите преферира да го пие „Марко Поло“ бидејќи содржи мала количина на кофеин, „Етиопија“ го пие во специјални прилики, а на кафехоличарите како него им го препорачува „Карусо“ чија специфичност ги примамува неговите клиенти од Италија сѐ почесто да го посетуваат кафулето.

danailov-go-promeniv-karakterot-blagodarenie-na-langolo-03.JPG

За мене лично разговорот ми беше нова лекција. Да изградиш карактер и личност, да создадеш репер за вкус, стил на живеење како што тоа го создал Владимир Данаилов, за момент ме поттикна да размислувам како прав италијанец - човек кој приоритетите во животот му се храната и пијалоците, понекогаш и фудбалот J.

Бидејќи за нас, најбитно од сѐ е да имаме карактер по кој ќе се идентификуваме пред останатите, јас повторно би го посетил „Ланголо“, затоа што сметам дека можам да научам многу.

Предноста овде е дека можам да ги затворам очите и за момент да се почуствувам дека патувам по цел свет.

danailov-go-promeniv-karakterot-blagodarenie-na-langolo-04.JPG

danailov-go-promeniv-karakterot-blagodarenie-na-langolo-05.JPG

Би можело да ве интересира:

Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......

Најчитани неделава