Студенти од Градежниот факултет во Скопје се запознаа со градежните активности поврзани со Лимак Diamond

Над 30 студенти од отсек конструкција и геотехника од Градежниот факултет во Скопје, имаа можност да се запознаат со градежните активности во центарот на Скопје, каде се гради мултифункционалниот комплекс Лимак Diamond Скопје. Повеќе значаен комплекс за кој досега се информираа само од медиумите, а за кој имаа голем интерес.

studenti-od-gradezniot-fakultet-vo-skopje-se-zapoznaa-so-gradeznite-aktivnosti-povrzani-so-limak-diamond-01.jpg

Уште на самиот почеток на посетата студентите беа информирани дека Лимак како интернационална компанија  става приоритет на највисоките здравствени и безбедносни процедури при процесот на градба, на сигурноста и здравјето на работниците, почитувајќи ги законските норми и прописи. Самите студенти мораа да стават заштитни кациги и наметки, со цел да можат безбедно да се движат на градежниот простор.

Она за што студентите најмногу покажаа интерес е како се испумпуваат подземните води, како тие се изолираа надвор од градежната област, како и за значењето на потпорните Ѕидови.

Градежните инженери од Лимак информираа дека се користи напредна технологија за изградба на овој проект, дека се користат посебни дупчалки и дијафрагми со кои се прават дупки поголеми од 14 метри како и потпорни ѕидови.

studenti-od-gradezniot-fakultet-vo-skopje-se-zapoznaa-so-gradeznite-aktivnosti-povrzani-so-limak-diamond-02.jpg

На лице место студентите можеа да се уверат за начинот на кој се изведуваат потпорните ѕидови, кои ќе се простира на повеќе од 17.000 м2, со столбови кои ќе бидат подолги од 15 км и ќе се спуштаат надолу за 14 + метри.

Сите присутни беа информирани за динамиката на изградба на комплексот. За подземната сообраќајница која прва се гради, а ќе вклучува тунел со 6 коловозни ленти кој ќе ги спојува примарните градски сообраќајни јазли, на површина од 325,000 квадратни метри и која се планира да биде завршена во период од 22 месеци. Модерна подземна улица, во 6 ленти со должина од 800 метри, налик на европските метрополи која од двете страни ќе биде поврзана со кружни текови кои се планираат во овој дел од градот.

studenti-od-gradezniot-fakultet-vo-skopje-se-zapoznaa-so-gradeznite-aktivnosti-povrzani-so-limak-diamond-03.jpg

Архитектот на Лимак Џеида Шех одржа презентација за сите елементи на овој комплекс кој ќе обединува деловно – резиденцијални единици и трговски центар во согласност со модерните потреби и животни навики на граѓаните на Скопје. Во комплексот автентично ќе се вклопи и симболот на градот - Старата железничка станица,  денес Музеј на град Скопје,  кој се планира да биде возобновен од градските власти. Ќе вклучува околу 772 станови во 20-катни згради со по 1, 2 или 3 спални соби, канцеларии, трговски центар, простор за слободни културни активности ресторани, кафулиња, фитнес центар, хотел со казино и паркинг со капацитет за над 2.800 автомобили. Површината на вкупниот проект ќе биде околу 325.000 квадратни метри.

studenti-od-gradezniot-fakultet-vo-skopje-se-zapoznaa-so-gradeznite-aktivnosti-povrzani-so-limak-diamond-04.jpg

Основана во 1976 година, Лимак Холдинг е светски реномирана компанија со седиште во Турција, специјализирана за секаков вид инфраструктурни и градежни проекти, вклучувајќи аеродроми, пристаништа, автопати, брани, хидроцентрали, фабрики, индустриски објекти, цевководи, хотелиерство и туризам.

Лимак Diamond Скопје ќе понуди одново заживување на делот од градот што со децении беше неуреден и запоставен, а граѓаните на Скопје, дел од градот на кој можат да бидат горди.

studenti-od-gradezniot-fakultet-vo-skopje-se-zapoznaa-so-gradeznite-aktivnosti-povrzani-so-limak-diamond-05.jpg

studenti-od-gradezniot-fakultet-vo-skopje-se-zapoznaa-so-gradeznite-aktivnosti-povrzani-so-limak-diamond-06.jpg

studenti-od-gradezniot-fakultet-vo-skopje-se-zapoznaa-so-gradeznite-aktivnosti-povrzani-so-limak-diamond-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Бајковита свадба на пар од Скопје - невестата во раскошна венчаница, младоженецот во розов костум и ... „Во брак сме скоро две години, но поради пандемијата, плановите за свадба малку ...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Тина од Скопје со трогателна објава: „Бев дете, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и ја глед... „Бев дете, 3 години, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и секогаш вниман...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg