Пријавувањето на Виз Ер Скопски маратон се затвора на 22 април

Скопје, (16.04.2019) Во сабота, 4. мај 2019, ќе се одржи Виз Ер Скопскиот маратон, темелот на спортувањето и здравиот живот, кој го прославува својот 15. јубилеј. За самата трка пријавувањето се затвора на 22 април 2019 година, освен предвремено доколку се исполни предвидената квота на настанот.

prijavuvanjeto-za-wizz-air-skopski-maraton-se-zatvora-na-22-april-001.jpg

Секој, од организаторите до учесниците, со нетрпение го очекуваат спектаклот на Виз Ер Скопскиот маратон. Тие ги повикуваат сите кои нема да трчаат да застанат долж стазата и да навиваат. Според нив, што повеќе луѓе ги бодрат учесниците со толку повеќе позитивна енергија се исполнува Скопје. Затоа и оваа година на различни локации ќе бидат поставени неколку музички точки на кои можат да се придружи публиката. На сите тркачи, од дома и од странство, да им се покаже гостопримливоста која постои во градот.

Организаторите ги повикуваат сите да побрзаат и да се пријават пред затворањето на рокот на 22. април 2019 на http://skopskimaraton.com.mk/ или кај партнерот за онлајн регистрација https://www.smartrace.club/.

Тимот на Виз Ер Скопски маратон порачува дека столбот на самата организација и манифестација се волонтерите и ги повикува сите заинтересирани да се пријават. Рокот за  аплицирање на волонтери е 25 април 2019 година, или до пополнување на бројот потребен за волонтери. Тоа може да се направи на следниот линк - http://skopskimaraton.com.mk/volonteri. Волонтерите добиваат маица, вода, храна, и сертификат за волонтирање и апликантите треба да бидат постари од 16 години и да исполнат одредени услови.

Виз Ер Скопски маратон е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
„Го дочекав моментот фонтаната Лотос пак да работи, ми се врати времето назад. Скопје расцутено, уба... „И после толку години, го видов моментот кога Лотосот пак работи. Мала работа, а...

Најчитани неделава