Job Fair - Чекор поблиску до твојата кариера

Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) – Скопје со особена чест Ви го најавува петнаесеттиот по ред Саем за вработување и кариера - Job Fair 2019, кој ќе се одржува на 6, 8, 9 и 10 мај.

job-fair-cekor-poblisku-do-tvojata-kariera-01.jpg

Ни претставува големо задоволство да Ве поканиме да ни се придружите на нашето јубилејно издание на овој настан и неговото традиционално одржување во холот на техничките факултети при УКИМ каде што ќе ја имате шансата да ја почуствувате атмосферата на можности и идни остварувања.

Job Fair не само што е најголемиот настан кој БЕСТ Скопје го организира, туку е и местото каде студентите можат да се информираат за сѐ она што го нудат компаниите учеснички, како и за потенцијално работно место или пракса.

Секоја година овој саем им овозможува на амбициозните студенти да се поврзат со  компании од техничкиот и ИТ секторот.

 Но, успехот на овој настан не завршува тука. Покрај информираноста и вмрежувањто на студентите, Јоb Fair и ден денес е причината за успешни кариери кои започнале со испраќање на CV до нашата база на податоци со која располагаат компаниите учеснички  во текот на целата година.

Што може да очекувате на овогодинешниот Job Fair?

  • Да ги сретнете штандовите на компании како: MCA, Allocate Software, Netcetera, Altarо, и многу други.
  • Предавања од страна на компаниите, за што се заинтересирани и што точно можат да ви понудат. Дополнително се случуваат soft skills тренинзи, презентации, натпревари на кои ќе можат да учествуваат студентите избрани токму од компаниите.
  • Шанса да се запознаете лично со луѓето кои можеби ќе бидат ваши потенцијални соработници.
  • Поголема можност да ја пронајдете вашата идна пракса или работно место.
  • И многу други можности кои ќе ги откриете со самото ваше присуство.

Со огромно нетрпение го очекуваме Вашето присуство и се надеваме на огромен успех по завршувањето на овој настан,па дури и поголема заинтересираност. За повеќе информации посетете ја официјалната веб страна на настанот: www.jobfair.org.mk.

job-fair-cekor-poblisku-do-tvojata-kariera-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...

Најчитани неделава