ЕВА ТУНА САЛАТИ – нови вкусови во практични пакувања

Кога и да имаме прилика, бираме лесни, но хранливи и вкусни оброци. Оние кои ќе не заситат, но нема да ни остават чувство на тежина во стомакот. Таков, идеален оброк, претставуваат Ева туна салатите. Нив ги прави идеални тоа што се богати со протеини и што не содржат апсолутно никакви конзерванси.

eva-tuna-salati-novi-vkusovi-vo-prakticni-pakuvanja-001.jpg

Нивните вкусови – Мексикана, Медитерана и Далматина веќе добро ги познаваме и ги сакаме.

Салата Мексикана е препознатлива по комбинацијата на туна со црвен грав, пченка и морков. Со секое залче од оваа салата, ќе уживате во вистинска мала гастро фиеста од целосно природни состојки.

eva-tuna-salati-novi-vkusovi-vo-prakticni-pakuvanja-04.png

Туна салатата Медитерана, освен со леќа, наут и грав, збогатена е и со маслинки и маслиново масло. Овие состојки се типични за медитеранската кујна, а добро е познато дека оваа кујна се смета за една од најздравите во светот.

eva-tuna-salati-novi-vkusovi-vo-prakticni-pakuvanja-06.png

Во составот на туна салатата Далматина има грав и морков, но особено се нагласува и присуството на маслинки. Конкретно, солените маслинки на оваа салата и го даваат оној специфичен даламатински шмек и во друштво со туната совршено ја заокружуваат класичната морска приказна.

eva-tuna-salati-novi-vkusovi-vo-prakticni-pakuvanja-05.png

Ова вкусно тројство сега доаѓа во поголемо пакување од 160 g, а на нив веќе и се придружија уште три нови фантастични комбинации на Ева туна салати со специфични вкусови.

Ева туна салата со див ориз

Овој практичен оброк освен морков, пченка и грашок збогатен е со нерафиниран див ориз кој лесно се вари во дигестивниот систем на човекот. Благиот вкус на оризот се надополнува со ароматичниот ѓумбир кој исто така е една од состојките кои оваа Ева туна салата ја прават вкусна и здрава.

eva-tuna-salati-novi-vkusovi-vo-prakticni-pakuvanja-03.png

Ева туна салата со црвена киноа

Во друштво на хранливата црвена киноа, се зелената леќа и сушените домати што допринесуваат оваа Ева туна салата дефинитивно да ги привлече вашите сетила за вкус! Во неа уште се наоѓа и микс од црвена пиперка, мешунки и пченка што претставува вистинско шаренило од бои и вкусови.

eva-tuna-salati-novi-vkusovi-vo-prakticni-pakuvanja-02.png

Ева туна салата со кус- кус

Замислете, комбинација на туна со додадени моркови, наут и црвени пиперки...но, сепак главните ѕвезди на оваа туна салата се популарната житарица кус - кус и сушените домати. Кус – кусот е речиси неутрален по вкус, а во оваа салата неговите зрнца се набабрени впивајќи ги зеленчуковите сокови и совршено се совпаѓа со мелодијата од вкусови за целосно гурманско задоволство!

eva-tuna-salati-novi-vkusovi-vo-prakticni-pakuvanja-01.png

Покрај фантастичните комбинации на состојки и вкусови, она што ги прави Ева туна салатите идеален оброк е нивното практично пакување – „bowl“ чинија од која салатата веднаш е подготвена за конзумирање. Зарем не е тоа одлично?

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
„Во салата кај што порасна мама“ – Едина Муса го покажа синот и ужива во негово друштво на натпревар... „Не можев да посакам подобро друштво за гледање утакмици“ – напиша нашата кошарк...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...

Најчитани неделава