„Јас внимавам“ со едукативни видеа ќе влијае на свеста на учесниците во сообраќајот

(Скопје, 08.05.2019) - Кампањата „Јас внимавам“ на компанијата ОКТА, преку едукативни видеа, ќе ја зголемува свеста за безбедноста во сообраќајот. Секое од видеата обработува некоја од најчестите причини за секојдневните сообраќајни незгоди. Главната цел е преку содржината на овие видеа да се информира за опасностите што ги создава непочитувањето на сообраќајните правила, како и да се поттикне поголема внимателност кај сите учесници во сообраќајот.

jas-vnimavam-so-edukativni-videa-ke-vlijae-na-svesta-na-ucesnicite-vo-soobrakjaj-01.jpg

Првото од серијата видеа за кампањата „Јас внимавам“ се однесува на употребата на мобилен телефон и од страна на возачите и од страна на пешачите.

Видеото е поставено на ТУКА, а истото ќе биде достапно и на социјалните мрежи.

jas-vnimavam-so-edukativni-videa-ke-vlijae-na-svesta-na-ucesnicite-vo-soobrakjaj-02.jpg

Кампањата за зголемување на свеста за безбедноста во сообраќајот „Јас внимавам“ се спроведува веќе трета година по ред. Иницирана е од ОКТА, со цел подобрување на состојбите во сообраќајот, а компанијата оваа општествено одговорна активност ја реализира во соработка со Министерството за внатрешни работи. Во спроведувањето на наменски создадените активности преку едукации, донации во училиштата низ државата и наградување на совесните возачи, ги опфати сите категории и возрасни групи активни учесници во сообраќајот. Заради сеопфатноста и добрата таргетираност, ефектите од истата беа препознаени и кампањата доби поддршка од голем број јавни личности што ја прифатија иницијативата и ја промовираа нејзината цел. Кампањата „Јас внимавам“ во 2017 година беше наградена како најдобра Национална општествено одговорна практика во категоријата големи компании.

jas-vnimavam-so-edukativni-videa-ke-vlijae-na-svesta-na-ucesnicite-vo-soobrakjaj-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Јанг Дади им дојде на приредба на децата од неговото основно училиште - ја пееја „Лидија“ на цел гла... „Не можев да ја одбијам поканата од моето основно училиште „Коле Неделковски“, о...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...
Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес, ќе пешачи 111km за кревање на свеста за сексуалното злоста... „Организирам пешачење за подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца...
Мартин од „Некст тајм“ со емотивно видео за првиот роденден на ќерката: „Една година бескрајна среќа... Мартин сподели семејни снимки кои досега не беа јавно објавени - од моментот ког...

Најчитани неделава