Четвртите Алпски игри се одиграа во Кисела Вода

Четвртите Алпски игри се одиграа во општина Кисела Вода во Скопје, во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“. Таму најмалите ракометари се натпреваруваа во разни дисциплини и за сите следуваа награди од омиленото Алпско млеко. Тимот на Алпско млеко ја препознава потребата за отворено поттикнување на соработка меѓу децата, стимулирајќи социјална интеракција и поттикнувајќи позитивни меѓусебни чувства. Така тие со гордост, веќе по четврти пат се главни спонзори на овој квалитетен проект кој се залага за подобра иднина на дечињата.

alpski-igri-kisela-voda-2019-1-90.jpg

Мисијата на Алпско млеко е преку забава да ги едуцира и да ги охрабри децата што сакаат да се занимаваат со овој спорт да посегнуваат по здрави продукти и да креираат позитивни прехрамбени навики, што подоцна во животот ќе им обезбедат добро општо здравје, висок енергетски биланс, но и препорачана телесна тежина. Квалитетните продукти во хармонија со природата се клуч за здрав појадок, а млекото и млечните производи се најважни представници на таа моќна дружина. Нутритивно, се работи за намирници со импресивен состав, што се издвојуваат по своите протеини и се значаен извор на калциум неопходен за здравјето на коските, кое е особено важно за спортски ангажирани поединци.

alpski-igri-kisela-voda-2019-1.jpg

„ Се надевам дека нашиот придонес ќе посади никулци во секое дете што ќе култивираат добри играчи што ќе бидат корисни членови на тимовите во кои ќе играат, но и корисни и квалитетни поединци во локалната заедница“ – изјави Горан Ѓоргоноски, директорот на „КМГ Спорт“, организатор на настанот, и координатор на  ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ каде веќе неколку години по ред млади ракометари тренираат и ги усовршуваат своите вештини.

Погледнете дел од атмосферата и воодушевувањето на присутните:

alpski-igri-kisela-voda-2019-1-18.jpg

alpski-igri-kisela-voda-2019-1-49.jpg

alpski-igri-kisela-voda-2019-1-71.jpg

alpski-igri-kisela-voda-2019-1-84.jpg

Би можело да ве интересира:

Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Дарио од Битола ја запроси Мишела на -28°С на Пелистер: „Организирал сè од Германија - ме воодушеви“ „Бев шокирана кога ми рече дека ме сака и сака да го помине остатокот од животот...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава