5 Работи кои никогаш не треба да ги фрлите

Голем дел од работите можат повторно да се користат, но некои работи е многу важно да се донираат или продaваат, посебно кога нивното фрлање предизвикува негативни последици за животната средина. Продавањето на предметите кои веќе не Ви се потребни, ќе биде добро за природата, но се разбира и за Вашиот паричник.

5-raboti-koi-nikogas-ne-treba-da-gi-frlite-001.jpg

Според одредени анализи и истражувања, продавањето и купувањето користени работи онлајн во Шведска има покажано одлични резултати. Замислете, во 2015 година Швеѓаните заштедиле околу 0,8 милиони тони штетни гасови или онолку колку да не работи сообраќајот во Стокхолм за една година. Истото, може да се примени и во нашата земја. 

Најголемиот огласник во земјава, Pazar3, Ви дава неколку практични совети околу работите што никогаш не треба да се фрлат.

Кликнете: Направете добра зделка преку Pazar3

1/5 Кожни Гарнитури

Кожните гарнитури се направени од кожа на различни животни, кои се хранат со многу различни типови на храна. Замислете колку ресурси можат да се заштедат со препродавање на кожната гарнитура. За да се направи една кожна гарнитура, потребни се одредени метални материјали и дрво кое треба да расте најмалку 50 години.

5-raboti-koi-nikogas-ne-treba-da-gi-frlite-2-1.jpg

2/5 Фармерки

За производство на пар фармерки потребни се околу 11 000 литри вода. Затоа, пред да ги фрлите Вашите стари добри фармерки, размислете повторно. Можеби подобро би било да ги продадете.

5-raboti-koi-nikogas-ne-treba-da-gi-frlite-2-2.jpg

3/5 Бела Техника

Белата техника составена од челик, пластика и бои се исто така предмети што не треба никогаш да се фрлаат. Доколку Вашиот фрижидер е премногу стар за продавање, истиот би било подобро да се однесе во центар за рециклирање, отколку да стои дома или да заврши во контењер.

5-raboti-koi-nikogas-ne-treba-da-gi-frlite-2-3.jpg

4/5 Мобилни телефони

За производство на мобилни телефони и останата електроника исто така се потребни многу природни ресурси, материјали и метални делови од најразлични руди насекаде во светот. Затоа пред да го фрлите, размислете што се опфаќа производството на еден мобилен телефон.

5-raboti-koi-nikogas-ne-treba-da-gi-frlite-2-4.jpg

5/5 Велосипед

Производството на железо е навистина напорна работа, која бара екстремна енергија. Наместо Вашиот секојдневен придружник со кој имате многу спомени да заврши во отпад, препуштете го во рацете на новиот сопственик.

5-raboti-koi-nikogas-ne-treba-da-gi-frlite-2-5.jpg

Продавање и купување на користени работи

Швеѓаните се доста добри кога станува збор за заштита на животната средина. Pazar3 сака да биде уште подобар и да помогне во заштитата на животната средина. Со помош на наведената листа од предмети што не треба никогаш да се фрлат, Pazar3 сака да стави акцент на тоа колку е важно купо-продажбата на користени предмети. Се намалува отпадот, се зачувуваат природните ресурси, се редуцира емисијата на штетни гасови...

5-raboti-koi-nikogas-ne-treba-da-gi-frlite-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Раскинаа Александар Динев и Евче, се огласија со заедничка објава: „Веќе 4 месеци не сме заедно“ Во стилот на светските ѕвезди, кои преку јавни заеднички објави откриваат дека р...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Христијан од Куманово: „Ја однесов ќерка ми во ретро станот на прадедо ѝ, со милјеа и винтиџ работи,... „Малата Веда е на гости кај прадедо. Годината е 1979, Југославија (чувствуваме т...

Најчитани неделава