Започна аплицирањето за Еуролинк стипендија наменета за студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при УКИМ

Скопје, 23.5.2019 г., Традиционално шеста година по ред, со досега над 130 стипендирани студенти, Еуролинк осигурување распишува конкурсот за доделување на 30 Еуролинк стипендии наменети за сите редовни студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при УКИМ, и тоа: 5 стипендии наменети за редовните студенти на додипломски студии (прв циклус) во поединечна вредност од 40.000,00 денари и 25 стипендии за студентите на постдипломски студии (втор циклус) во поединечна вредност од 60.000,00 денари. Вкупната вредност на стипендиите за прв и втор циклус изнесува 1.700.000,00 денари.

zapocna-apliciranjeto-za-eurolink-stipendija-nameneta-za-studentite-od-pravniot-fakultet-justinijan-prvi-skopje-pri-ukim-001.png

Право на аплицирање имаат сите редовни студенти кои се запишани на прв и на втор циклус студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје при УКИМ и кои имаат редовен упис во учебната 2018/2019 година и кои исполнуваат услов за упис во учебната 2019/2020 година. За аплицирање за стипендијата потребно е студентите да ги исполнуваат следните услови: да имаат остварено просечен успех од положени испити од најмалку 8,5, да не се корисници на друга стипендија, да го задржат статусот редовен студент со просечен успех од 8 во учебната година кога ќе ја користат стипендијата, да достават потврда за редовен студент за учебната 2019/2020 година, пополнет пријавен лист за доделување стипендија (кој може да се преземе од интернет-страницата на Еуролинк осигурување), уверение од положени испити, куса биографија (пожелно да биде во ЕУ формат ) и есеј на тема „Улогата на студентите во општествените промени“, од најмногу 500 збора.

Еуролинк ги поканува студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при УКИМ да ги поднесат своите апликации за Еуролинк стипендија од денес, 23.5.2019, до 1.10.2019 година. За начинот на доставување на документите, потребните документи и апликацијата, студентите може да се информираат и да ги преземат од интернет-страницата на Еуролинк www.eurolink.com.mk. Кандидатите треба да ги достават документите во 5 примероци (1 оригинал и 4 копии на комплетот) во затворено плико на кое е назначено дека е апликација за Еуролинк стипендија, преку архивата на Факултетот во печатена форма до: проф. д-р Александра Груевска-Дракулевски, Одбор за доделување „Еуролинк стипендија“, Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје при УКИМ, бул. „Гоце Делчев“ бр. 9Б, 1000 Скопје, во Архивата на факултетот и во електронска форма на електронската адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Пријавите кои немаат целосна документација и кои не се доставени навремено и на наведениот начин нема да се разгледуваат и оценуваат.

Еуролинк стипендиите се наменет за студентите да ги покријат трошоците за кофинансирање и како поттик за успешно завршување на нивните студии.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Мартин и Стефан од Некст Тајм во Рим - со постариот брат наздравуваат со ракија: „Повторна ергенска ... Поради фотографијата на која стои пораката „Повторна ергенска средба во Рим“, но...

Најчитани неделава