Секој ден 40.000 денари, на 1-ви јули дури 400.000 денари! Почна наградната игра на Пепси!

Пепси означи почеток на нова, исклучително атрактивна наградна игра.

sekoj-den-40-000-denari-na-1vi-juli-duri-400-000-denari-pocna-nagradnata-igra-na-pepsi-001.jpg

Се што треба да направиш е да купиш било кое Пепси пакување и да одиш на www.40.pepsi.com.mk. Таму ќе го впишеш кодот од фискалната сметка заедно со датумот и часот на купување, а она што ќе преостане е да се освежиш со одличниот Пепси вкус и да ја чекаш својата награда.

А наградите богами, се навистина примамливи. Почнувајќи од 1-ви јуни, ќе има по едно извлекување на 40.000 денари секој ден во месецот. Големото финале ќе дојде на 1-ви јули кога со извлекување во живо ќе се додели наградата од 400.000 денари!

Но, што се крие зад 40-ката која се појавува секаде? Верувале или не, годинава се бележат точно 40 години од договорот со кој во Македонија пристигна еден од најголемите светски брендови.

Во 1979-та, Прилепска Пиварница и PepsiCo ставија потпис на договорот кој е важечки до ден денеска, правејќи го еден од најдолготрајните активни франшизни договори на американскиот гигант било каде во светот, нешто на кое Македонија може да биде исклучително горда.

sekoj-den-40-000-denari-na-1vi-juli-duri-400-000-denari-pocna-nagradnata-igra-na-pepsi-2.jpg19.04.1979, Кирил Самарџиоски (Генерален Директор на Прилепска Пиварница)
и Херберт Лај
(потпретседател на PepsiCo International) го потпишуваат Договорот за лицена во Прилеп.

Во тие години Прилепска Пиварница се закити со десетици врвни одличја за квалитет од PepsiCo и се докажа како еден од најуспешните соработници на компанијата во светски рамки. Круната на оваа соработка дојде во 2014-та година, кога PepsiCo одлучи да и ја додели на Прилепска Пиварница најголемата можна награда - Chairman’s Circle of Champions, награда која ја добија само 0.25% PepsiCo производители во светот...

sekoj-den-40-000-denari-na-1vi-juli-duri-400-000-denari-pocna-nagradnata-igra-na-pepsi-3.jpg

Прилепска Пиварница планира повеќе активности во склоп на прославата на 40 годишнината, а за македонските фанови на Пепси ја подготви оваа наградна игра во која учествуваат сите Пепси пијалоци, без разлика дали се купени во супермаркет, ресторан или кафуле.

Затоа без губење време, трк до најблиското Пепси место, уживај во одличниот освежувачки вкус и освој топ парични награди.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...

Најчитани неделава