Дали штедите правилно?

Штедењето е навика која тешко се стекнува, но носи голем број поволности во иднина.

Сите би сакале да заработуваме камата на депозити, но за истото да биде исплатливо најпрво треба да кумулираме доволно заштеди. Општо познато е дека поголемите депозити носат поголем износ на камата и се одличен дополнителен приход, но вистинското прашање е како да дојдеме до таа поголема сума за да ги орочиме средствата. Се разбира дека постои опцијата за добивање на наследство или продажба на имот, но веројатноста за истото е многу мала.

Градење на навика за штедење и редовно месечно штедење се единствен начин за акумулирање на поголеми заштеди кои ќе Ви се најдат со сигурност за некоја потреба во блиска иднина. Пронајдете мотивација за штедење во Вашите животни желби: подобро школување на Вашето дете, патување кое одамна го сонувате, уплата за Ваше лично дообразување или реновирање на домот и штедете од секоја плата по малку. Искушението да го потрошиме секој денар на сметка секогаш ќе постои и токму поради тоа треба да штедите на засебна сметка.

dali-stedite-pravilno-001.jpg

Една од најпогодите опции за стекнување навика за штедење е отворање на штедна сметка која нема да биде поврзна со Вашата дебитна картичка. На овој начин заштедата нема да Ви биде пред очи за трошење, а истовремено постепено ќе се зголемува. Овој начин на штедење е познат меѓу банките како штедење по видување и Ви нуди голема флексибилност. При избор на банка во која редовно ќе штедите следете ги следниве совети:

1. Проверете дали имате камата по видување на штедната сметка. Оваа поволност може да Ве стимулира за поголемо штедење, кое во иднина и те како ќе Ви послужи за реализација на долгопланирани идеи. Поголема камата, повеќе заштеди за во иднина.

2. Проверете кога и како имате пристап до парите. Тоа се Ваши заштеди и главна цел е да ги акумулирате, но понекогаш Ви се потребни итно и не би требало да бидете ограничени. Доколку банката не Ви нуди пристап до заштедите преку е-банкарство значи дека неможе да ги користите надвор од работно време на банките, за викенди и неработни денови и истото може да биде непрактично во итни ситуации. Не заборавајте дека флексибилноста е еден од најголемите потреби во 21 век.

3. Проверете дали штедењето по видување има дополнителни услови. Едноставноста на производот за штедење Ви нуди сигурност и на Вас. Доколку штедењето има дополнителни услови и е поврзано со исполнување на критериуми како – исплата само еднаш месечно, или каматна стапка во зависност од износот или неможност за дополнување тогаш станува премногу комплицирано за да го следите и употребувате секојдневно.

Колку порано го научите Вашето дете да штеди, толку повеќе ќе се радува на своите заштеди и на секое зголемување на салдото на сметка. Задоволството од пари на заштеда со тек на време ќе ја надмине желбата за импулсивно трошење. Штедењето од мали нозе прераснува во редовна навика и гради култура за штедење кај луѓето во текот на целиот живот.

Би можело да ве интересира:

Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
Јелена Спенџарска за животот во Солун: „Многу луѓе ќе ти најдат мана зашто потајно го посакуваат ист... „Многу луѓе и на Малдиви ќе најдат мана, многу во Охрид ќе најдат мир. Мног...
Тамара Тодевска и Лука не ја кријат љубовта - Се бакнуваат заљубено, уживаат во Мадрид „Љубовта те менува на најубав начин“, ѝ напишаа фановите на Тамара, откако објав...
Вирално видео: Македонка „презентира вести“ на 8 јазици и го насмеа регионот „Во живо за BBC News ја имаме Теона Сима, која е испратена во Скопје за да извес...
Зимското сметање на времето почнува викендов: Стрелките ги враќаме 1 час наназад Зимското сметање на времето секоја година почнува во последниот викенд од октомв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg