Скопје го добива својот прв Retail Park - Point Retail Park

FORTON MKA/CUSHMAN & WAKEFIELD официјален лизинг партнер на Point Retail Park.

skopje-go-dobiva-svojot-prv-retail-park-point-retail-park-01.jpg

Скопје и официјално го добива својот прв Retail Park - Point Retail Park. По примерот на европските метрополи, Point Retail Park е прв ваков тип на шопинг центар во Скопје.  Паркот се наоѓа во општината Чаир – Бутел, на местото на некогашната фабрика Типо и е позциониран на достапна локација, помеѓу два булевара кои се стратешка комуникациска точка помеѓу скопските населби Центар, Карпош, Бутел и Чаир.

Point Retail Park се простира на нето  површина од 9500 м2, и 300 паркинг места, посетителите ќе можат да уживаат во шопинг на познати брендови како LC Waikiki, Sport Vision, KFC, JYSK, NEPTUN, Зегин, Сара Фешн, LTB, Шатци парфимерии, Спортекс, КРШ , Д Спортска према и други. Исто така во склоп на Point Retail Park ќе има и ексклузивен ресторан, супермаркет КИТ-ГО, банка, игрoетка и продавница за деца на површина од 2500 м2. Ексклузивен лизинг агент за Point Retail Park е Forton MKA дел од Cushman & Wakefield. Според претставниците на Фортон МКА интересот за Point е огромен.

skopje-go-dobiva-svojot-prv-retail-park-point-retail-park-02.jpg

"Бевме вклучени уште во дизајнирањето на проектот и започнавме со физибилити студија на која предвидовме retail park  и сме задоволни што проценките од пред 1 и пол година се остварија и сега имаме 100% исполнет retail park  со класа А закупци од макендонскиот пазар. Среќни сме што и закупците ги препознаа вредностите на еден Retail Park и кои се придобивките од истиот, изјави Влатко Богоевски CEO na FORTON MKA/ CUSHMAN&WAKEFIELD

skopje-go-dobiva-svojot-prv-retail-park-point-retail-park-03.jpg

"Среќни сме што на Скопје и Македонија ќе им овозможиме да уживаат за прв пат во еден Retail Park. Point Retail Park  ќе им овозможи на посетителите максимално уживање во секојдневните активности понудувајќи голем број на содржини. Ваков концепт кој е развиен насекаде во светот, а посебно во Европа и регионот е нешто што му недостасуваше на Скопје да го позициониран на највисоко место во регионот."  - изјави Али Ќаили, сопственик на Али Тобако, инвеститор на Point Retail Park

skopje-go-dobiva-svojot-prv-retail-park-point-retail-park-04.jpg

Отворањето на првиот Retail Park ‘Point’ е предвидено за 18 јули 2019.

skopje-go-dobiva-svojot-prv-retail-park-point-retail-park-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...

Најчитани неделава