Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пристигнаа нови бургери во KFC!

Компанијата KFC го прошири своето портфолио во Македонија со три нови производи, Triple Double бургер, Cheese бургер и крцкави wedges. Лансирањето на новите производи следи како резултат на континуирано воведување иновации во понудата и следење на барањата на потрошувачите. Новите производи се веќе достапни во рестораните на KFC во Скопје (City Mall и Ramstore) и Тетово (Palma Mall).

pristignaa-novi-burgeri-vo-kfc-01.jpg

„За прв пат во нашата понуда на бургери вклучивме нови состојки кои не беа дел од стандардната понуда на KFC во Македонија, а комбинацијата на вкусови им овозможува максимално уживање на сите љубители на храна. Triple Double бургерот е најголем бургер досега кој е збогатен со трипати повеќе состојки, односно 3 парчиња Crispy Strips, 2 парчиња кашкавал, ајсберг, бургер сос, краставички, кромид и големо лепче. Cheese бургерот е одличен избор за младите, додека пак, wedges компирите се одличен додаток на сите типови на бургери, buckets и дипови. Со новата понуда веруваме дека ќе ги задоволиме и нашите најпребирливи потрошувачи. – изјавија од маркетинг тимот на KFC.

Двата бургери ќе бидат понудени и со оброк во комбинација со пијалок и помфрит.

pristignaa-novi-burgeri-vo-kfc-02.png

KFC е лидер во подготовка и послужување на пилешко. За помалку од една година во Македонија се отворени три ресторана, во Скопје и Тетово, а проекциите се тој број да се зголеми до крајот на годината. Со повеќе од 24.000 ресторани во повеќе од 130 земји KFC претставува најголемиот ланец на ресторани и еден од главните лидери на прехранбената индустрија во светот. Препознатлив по познатиот заштитен рецепт од 11 зачини на основачот Colonel Sanders, рестораните нудат различни специјалитети од пилешко, како бургери, buckets, врапови и слично. KFC е дел од групацијата YUM! под која оперираат Pizza Hut и Taco Bell.

pristignaa-novi-burgeri-vo-kfc-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку... „Прва контрола направивме во 7-та недела од бременоста, а доста е чудно е што им...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg