Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Игор Поповски - основач и извршен директор на ЦРНОБЕЛО МЕДИА меѓу 40-те најуспешни бизнис лидери во Југоисточна Европа

Игор Поповски (33) основач и извршен директор на ЦРНОБЕЛО МЕДИА го доби престижното признание “40 under 40” на Global Top Brands Awards. Во конкуренција од 360 номинирани бизнис лидери од Македонија, Албанија, Косово, Бугарија, Црна Гора, Србија, Хрватска и БиХ, одбрани се 40-те најуспешни во Југоисточна Европа.

igor-popovski-osnovac-i-izvrsen-direktor-na-crnobelo-media-megju-40-te-najuspesni-biznis-lideri-pod-40-godini-vo-jugoistocna-evropa-3.jpg

Ексклузивната “40 under 40” награда претставува едно од најпопуларните и најпрестижните признанија во светот за млади бизнис лидери на возраст под 40 години, визионери и иноватори кои со своите постапки го менуваат начинот на кој работат компаниите.

Селекцијата на наградените ја прави бордот на судии составен од признати бизнисмени и јавни личности од Европа и светот.

Во склоп на ЦРНОБЕЛО МЕДИА во моментов функционираат лајфстајл порталот CRNOBELO.com кој постои веќе 11 години, српската верзија CRNOBELO.rs и порталот Oglasizarabota.mk како платформа за нудење и барање работа кој постои 3 години.

Во „морето“ од портали кои се појавија во изминативе 11 години во Македонија, вистински успех е постојано да успееш да се одржуваш во првите 5 според посетеност во земјата – а, CRNOBELO.com е препознатлив бренд со низа награди и признанија зад себе.

igor-popovski-osnovac-i-izvrsen-direktor-na-crnobelo-media-megju-40-te-najuspesni-biznis-lideri-pod-40-godini-vo-jugoistocna-evropa-1.jpg

„Нема поубаво чувство од она кога некој ќе ви го валоризира и потврди трудот и успехот кој го имате постигнато. Често во секојдневието исполнето со многубројни работни обврски забораваме за момент да застанеме и да погледнеме назад, за да забележиме што имаме постигнато. Лично сум тип на човек кој не сака да зборува за себе и своите успеси, меѓутоа драго ми е за ова признание и ми претставува искрена чест и задоволство.

Морам да напоменам дека зад секој голем успех, стои и одличен тим кој е заслужен за успехот, а во оваа прилика би сакал и да им заблагодарам на сите оние кои стојат зад CRNOBELO.com и ЦРНОБЕЛО МЕДИА со кои заедно постигнуваме успеси и освојуваме бројни награди изминативе години“ – вели Игор Поповски.

igor-popovski-osnovac-i-izvrsen-direktor-na-crnobelo-media-megju-40-te-najuspesni-biznis-lideri-pod-40-godini-vo-jugoistocna-evropa-2.jpg

Церемонијата Business Elite’s “40 Under 40” ќе се одржи на 23 октомври во Амстердам, каде што на гала вечера ќе бидат доделени признанијата на 40-те најуспешни млади менаџери во Југоисточна Европа. Наградените ќе бидат дел од престижната мрежа на алумни со што можат да ги зголемат своите шанси за понатамошен успех како резултат на сите нови контакти. 

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес: „Сѐ уште ги мирисам лигите на Сеништето по мојот врат доде... „Добар ден, имате ли парфем кој мириса на Црква? На темјан? Се чудат... Како да ...
Тијана Дапчевиќ го сподели најголемиот гаф на внукот Дарен, чија сестра Хана денес полни 9 години „Седиме, фамилијарен ручек и Тамара отиде со Хана до надвор да го прошетаат Тоби...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg