Bonatti во Македонија со трендовска колекција за костими за капење лето ‘19

Српскиот бренд Bonatti ја лансираше својата трендовска линија на костими за капење за лето 2019 во продавниците низ Македонија. Летната колекција доаѓа во бои и форми кои ќе бидат апсолутен тренд оваа сезона, како за жените така и за мажите.

bonatti-vo-makedonija-so-trendovska-kolekcija-za-kostimi-za-kapenje-leto-2019-01.jpg

Колекцијата е со колорит на тиркизни тонови, преку беж-зелени принтови проткаени со златни детали до јако црвени бои, како и вечните класични модели од црно-бели и морнарски комбинации.

„Bonatti во Македонија на своите купувачи им овозможува попуст -30% на одредени модели на дел од новата колекција костими за капење и програм за плажа во нашите продавници во Скопје, Куманово, Охрид, како и преку нашата он-лајн продавница www.bonatti.mk. За нашите верни потрошувачи долната облека ја имаме и на намаление до 50%, така што имаме вистински сезонски попуст“ потенцира Драган Ангеловски, генерален менаџер за Bonatti во Македонија.

bonatti-vo-makedonija-so-trendovska-kolekcija-za-kostimi-za-kapenje-leto-2019-02.jpg

Брендот Bonatti се погрижи за сите генерации кои се љубители на едноделни, дводелни или троделни костими за капење, бикини, пуш ап-и или други кроеви. Веруваат дека сите ќе ги најдат вистинските костими за себе меѓу новите модели за лето 2019.

„Пробајте ги новите модели со shape ефект, кои вашиот облик на телото ќе го направат идеален како што вие би сакале. Интересно е дека може да направите mix & match парчиња односно да имате слобода сами да ги комбинирате костимите за капење. Изберете го најдобриот модел и боја кои ќе ви претставуваат задоволство затоа што колекцијата на Bonatti е во бои кои се вистински тренд. Би сакале заедно да ја раскажеме модната приказна на нашиот бренд за ова лето и со нашите фустани, торби, пешкири и шешири за плажа“ додаде Марија Ангеловска, одговорна за комуникации во Bonatti.

bonatti-vo-makedonija-so-trendovska-kolekcija-za-kostimi-za-kapenje-leto-2019-04.jpg

bonatti-vo-makedonija-so-trendovska-kolekcija-za-kostimi-za-kapenje-leto-2019-03.jpg

Кампањата за ова лето се снимаше на бел песок и тиркизно сино море крај Индискиот Океан, на Малдивите, за која беа ангажирани познатите српски модели Бојана Крсмановиќ и Алекса Гавриловиќ,  во продукција на Слбодан Пикула и асистентот Игор Павлковиќ. За стајлингот се погргижи Жељко Милосављевиќ а за шминката и фризурата Александар Џикиќ – Џиле.

Целиот асортиман на колекцијата можете да го погледнете на линкот https://bonatti.mk/online-shop/15.html

Повеќе од деценија, Bonatti е препознатлив бренд по употребата на пријатни материјали, пристапни цени, модерни и квалитетни модели на долна облека, програм за спиење и за на плажа. Започнале во Србија а денеска имаат продавници во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија, Швајцарија, Шведска, Бугарија, Унгарија, Италија и Грција.

bonatti-vo-makedonija-so-trendovska-kolekcija-za-kostimi-za-kapenje-leto-2019-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Иван Јованов на одмор со ќеркичката, Лара Иванова згодна на плажа - Што прават македонските ѕвезди д... Антониа Гиговска сподели нови, жешки фотки од снимањето на спотот за последната ...
Александра Шијакоска секое лето позира среде полиња со сено: „Фала му на Господ за уште едно лето на... Веќе 7 години таа ја прави својата препознатлива фотосесија, па од безгрижна дев...

Најчитани неделава