Александра Шијакоска секое лето позира среде полиња со сено: „Фала му на Господ за уште едно лето на оваа преубава земја“
- Детали
- четврток, 07 август 2025
Веќе 7 години таа ја прави својата препознатлива фотосесија, па од безгрижна девојка, до девојка која се бори и изборува за својот живот, до прекрасна трудница и денес мајка со син... Александра Шијакоска блеска секоја година.

Александра Шијакоска од Битола е една од нашите најдобри инфлуенсерки, која може да се пофали со одлично осмислени фотосесии.
Таа веќе 7-ма година по ред летото го користи за фотосесија среде нејзините омилени полиња со сено.

Од безгрижна девојка во 2019-та година до посветена мајка и сопруга во 2025-та, таа блеска во секое издание, со одлично осмислени аутфити.

За фотосесијата од ова лето, направена во август 2025-та Александра вели:
„Август, 2025. Преубаво, топло лето во мојот роден град.
Со моето семејство – сите на број, плус најмалиот и најважниот член.
Дедо полни 93, фамилијата и родителите се тука, внуците растат, многу од пријателите се далеку, но ги чекаме да се вратат.
Животот си тече. И јас пак, традиционално, со слики од полиња – овојпат со бебенце во рацете.
Фала му на Господ за уште едно лето на оваа преубава земја. Да дочекаме уште многу“.




Нејзините фотографии од ова лето 2025 година:
Фотографиите од 2024:
Фотографиите од 2023:
Фотографиите од 2022:
Фотографиите од 2021:
Фотографиите од 2020:
Фотографиите од 2019:
С. С. | Црнобело