Symphony пристигна: Погледнете ја канцеларијата во Скопје во која би сакале да работите

Меѓународната ИТ компанија Symphony, со канцеларии кои се протегаат од Сан Франциско, Амстердам, Берлин, па сè до Сараево, Белград и Нови Сад, минатата недела  официјално ја отвори својата канцеларија и во Скопје. Во пространа работна површина лоцирана на горниот кат на центарот Соравија, Symphony носи возбудливи проекти и уникатна култура во Скопје.  

symphony-pristigna-poglednete-ja-kancelarijata-vo-skopje-vo-koja-bi-sakale-da-rabotite-01.jpg

За време на забавата што се одржа во нивната канцеларија во Соравија, а по повод отворањето, Харис Мемиќ, извршен директор и основач на Symphony го сподели своето видување и големите планови за Symphony во иднина:

„Ова е само почеток, допрва следува најдоброто од Symphony. Ова е едно прекрасно искуство и навистина сме нетрпеливи да видиме како овие луѓе професионално се развиваат со нас. Во нашиот случај, единствениот начин да се успее е да бидеме опкружени со добри и мотивирани луѓе. Тоа се луѓето кои веруваат во она што го правиме и луѓето кои ќе ни помогнат да направиме разлика тука. И тоа е она што навистина го очекуваме - да ги запознаеме и да им посакаме добредојде во нашата заедница.“

symphony-pristigna-poglednete-ja-kancelarijata-vo-skopje-vo-koja-bi-sakale-da-rabotite-01.jpg

Игор Николовски од Symphony Скопје го сподели својот ентузијазам и возбуда поради тоа што конечно можеше да им посака добредојде на сите во новата канцеларија: „Навистина сме среќни што со многумина од вас вечерва го прославивме првиот и најголем чекор на Symphony Скопје. Сигурни сме дека ќе славиме многу други достигнувања во иднина, но ова е навистина посебно за сите нас. Да наздравиме за Скопје и за неверојатното добредојде што го имавме со сите од вас.“

symphony-pristigna-poglednete-ja-kancelarijata-vo-skopje-vo-koja-bi-sakale-da-rabotite-02.jpg

Бизнис хабовите на Symphony во Сан Франциско, Амстердам и Берлин се одговорни за носење на предизвикувачки и интересни проекти за заедниците во Сараево, Белград, Нови Сад и Скопје. Она што од Symphony го потенцираат е фактот дека нивните инженери секогаш се во потрага по проекти кои им помагаат на луѓето и ги подобруваат нивните животи, како и предизвикот од технички аспект. Дел од многуте проекти на кои тие работат се промена на приватната авионска индустрија со оптимизирање на распоредот и обезбедување на зголемен пристап до непрекинати дестинации и недоволно опслужени локации по најдобра можна цена, како и развој на напредни алгоритми во здравствената индустрија кои ја револуционизираат дијагностиката и процесите на лекување.

symphony-pristigna-poglednete-ja-kancelarijata-vo-skopje-vo-koja-bi-sakale-da-rabotite-03.jpg

Нивната мисија е да обезбедат здрава и инспиративна работна средина за членовите на нивниот тим. Силно верувајќи дека среќните и задоволни луѓе се во можност да постигнат речиси сè, тие секојдневно ја негуваат тимската работа во друштво на свежо зготвеното јадење подготвено од „Симфонискиот готвач“, со посети на други хабови на Symphony и клиенти, и со фокусирање на индивидуалните потреби на секој вработен без разлика дали е тоа тренинг, медитација, масажа, кодирање, спорт, патување, доживотно учење или нешто друго - сите тие имаат можност да работат на тоа овде, во Symphony.

symphony-pristigna-poglednete-ja-kancelarijata-vo-skopje-vo-koja-bi-sakale-da-rabotite-04.jpg

symphony-pristigna-poglednete-ja-kancelarijata-vo-skopje-vo-koja-bi-sakale-da-rabotite-05.jpg

Повеќе информации за Symphony може да најдете тука.

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...

Најчитани неделава