БЕСТ Скопје регрутира нови членови

Замислете се себеси како посетувате нови места и запознавате нови луѓе и култури, како организирате неколкудневни настани заедно со тим кој е тука за вас и како сте опкружени со позитивна енергија и личности кои постојано ве мотивираат.

best-skopje-regrutira-novi-chlenovi-01.jpg

Доколку оваа замисла ве инспирира да започнете ново поглавје во вашиот живот и овие авантури сакате да станат дел од вашата приказна, сега е вистинскиот момент да го направите тој пресврт.

БЕСТ Скопје ве поканува на информативниот состанок за нови членови на 16.10.2019 (среда) во 20:00 часот во амфитеатарот на ФЕИТ/МФС.

БЕСТ е интернационална, непрофитна, неполитичка студентска организација која е застапена во 34 држави низ Европа, каде илјадници членови работат кон истата цел - развој на студенти.

БЕСТ Скопје неуморно работи веќе 18 години и им нуди шанса на студентите да се развијат, да стекнат нови вештини и да земат учество во организирање на: инженерскиот натпревар EBEC, саемот за вработување и кариера Job Fair, академски курсеви, мотивациски викенди, симпозиуми за образование и локални настани за образование.

Покрај овие сервиси и проекти, БЕСТ нуди средина во која секој може да го искаже своето мислење, да вложи труд во реализацијата на своите идеи, да стекне безброј пријателства, да доживее незаборавни моменти и пред сѐ да открие нешто ново за себе и да се надогради.

Дознајте повеќе за нас и за сѐ што нуди БЕСТ на информативниот состанок. Доколку не сте во можност да присуствувате, добредојдени сте и на нашите редовни состаноци кои се одржуваат во 20:00 часот секој вторник во предавална 110 на ФЕИТ. Ве очекуваме!

За повеќе информации посетете ги Фејсбук (facebook.com/bestskopje) и Инстаграм (instagram.com/bestskopje) страниците на БЕСТ Скопје.

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...

Најчитани неделава