Охридска банка станува дел од Шпаркасе групацијата - Објавени првите бенефити за клиентите на Охридска Банка и Шпаркасе Банка Македонија

На 4ти Ноември 2019 г. беше извршена промена на сопственоста на Охридска банка АД Скопје, со што Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ официјално стана новиот сопственик на Банката.

ohridska-banka-stanuva-del-od-shparkase-grupacijata-objaveni-prvite-benefiti-za-klientite-na-ohridska-banka-i-shparkase-banka-makedonija-01.jpg

Со стекнување на 91.57% од акциите, Штаермеркише Шпаркасе стана не само најголем давател на финансиски услуги во јужниот дел на Австрија, туку и четврта најголема банкарска групација во Северна Македонија со пазарно учество од околу 14%.

Оваа трансакција исто така претставува и најголема бизнис инвестиција во регионот оваа година. Двете банки, Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе Банка Македонија, сега ќе опслужуваат повеќе од 132.000 клиенти во земјата, нудејќи им производи и услуги, како и експертиза која доаѓа од Ерсте Групацијата.

ohridska-banka-stanuva-del-od-shparkase-grupacijata-objaveni-prvite-benefiti-za-klientite-na-ohridska-banka-i-shparkase-banka-makedonija-02.jpg

Земајќи го во предвид волуменот на комбинираната банка, сега таа ќе биде позиционирана на пазарот како број два во корпоративниот сегмент и број три во сегментот население. Исто така, со интеграцијата се очекува Банката да биде лидер на пазарот во однос на понудата на производи и услуги.

Штаермеркише Шпаркасе во Северна Македонија е присутна од 2008 година преку својата локална подружница Шпаркасе Банка Македонија, која во моментот има активна од околу 350 милиони евра. Со приклучувањето на Охридска банка во Штаермеркише Шпаркасе, вкупната актива на Банката на македонскиот пазар ќе биде повеќе од 1 милијарда евра.

ohridska-banka-stanuva-del-od-shparkase-grupacijata-objaveni-prvite-benefiti-za-klientite-na-ohridska-banka-i-shparkase-banka-makedonija-03.jpg

„Со купувањето на една од водечките, меѓународно активни банки во Северна Македонија, ќе станеме уште посилен партнер на економијата. Заедно, ќе располагаме со значително поголем потенцијал и ресурси со кои ќе ги опслужуваме нашите клиенти и сите бизниси. Со здружена експертиза и заеднички пристап ќе бидеме силен партнер на интернационалните компании, на компаниите од Европската Унија и на активните инвеститори во земјата. Со членовите на Управниот Одбор на новата банка ќе обезбедиме стабилност и иновативен пристап во работењето. Убеден сум дека ќе формираме нова успешна банка и дека ќе создадеме одржливи вредности за нашите клиенти и акционери, а особено за нашите вработени. Навистина сум задоволен што успеавме скоро за три пати да го зголемиме нашето присуство на македонскиот пазар и тоа преку одлична аквизиција и истовремено да се позиционираме како референтна банкарска групација во земјата“, изјави Георг Бухер, член на Управниот Одбор на Штаермеркише Шпаркасе.

ohridska-banka-stanuva-del-od-shparkase-grupacijata-objaveni-prvite-benefiti-za-klientite-na-ohridska-banka-i-shparkase-banka-makedonija-04.jpg

Засега, сметките на клиентите на Охридска банка, како и условите за кредити дефинирани во договорите на клиентите остануваат исти. Исто така и условите за користење на платежните картички остануваат непроменети, а клиентите немаат обврска да ги заменуваат во моментот нивните картички. Двете банки ќе функционираат како засебни правни субјекти на пазарот. Интеграцијата на Охридска банка со Шпаркасе Банка Македонија се очекува да се случи во вториот квартал од 2021 година.

„Поминавме доста, а ни претстои и еден долг предизвикувачки период. Главниот фокус и понатаму останува грижата за нашите клиенти. Ќе моделираме една нова, модерна и помоќна Шпаркасе Банка Македонија. Државата ќе ја добие четвртата најголема банка, со пазарно учество од 14%. Оваа банка ќе донесе бројни бенефити за клиентите, ќе отвори нови перспективи во економијата и ќе овозможи подигање на нивото на целиот банкарски сектор.“, изјави Нина Неданоска, Претседател на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје.

ohridska-banka-stanuva-del-od-shparkase-grupacijata-objaveni-prvite-benefiti-za-klientite-na-ohridska-banka-i-shparkase-banka-makedonija-05.jpg

“Интегрираната банка ќе биде водечки финансиски супермаркет во регионот. Со нудење на извонредни банкарски услуги, како и услуги во областа на животното осигурување, лизингот, и инвестиционо банкарство ќе придонесува за исклучително задоволство на клиентите. Преку синергија на групациското „knowhow“ и нашата долгогодишна традиција на секојдневна интеракција со клиентите, ќе развиеме модел кој ќе ги задоволи нивните очекувања. Банката ќе биде препознатлива по нашиот хуман однос, одговорно однесување, инклузија на клиентите, како и професионални совети и вмрежување на клиентите во земјата и странство. Убеден сум дека ќе бидеме прв избор на банка за нашите клиенти и вработени.“,изјави Глигор Бишев, Главен Извршен Директор и Претседател на УО на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Преку поврзаноста со Ерсте Групацијата, придобивките за корпоративните клиентите се видливи во повеќе аспекти, во делот на финансирање и пристап до средства, вклучително и во прекуграичното финансирање. Клиентите ќе можат дополнително да ги почувствуваат и придобивките во делот на платниот промет и самата конкурентската предност на Банката.

ohridska-banka-stanuva-del-od-shparkase-grupacijata-objaveni-prvite-benefiti-za-klientite-na-ohridska-banka-i-shparkase-banka-makedonija-06.jpg

Една од првите придобивки за клиентите на свете банки ќе биде можноста за користење на повеќе од 120 банкомати ширум земјата, како и можноста за подигнување на средства од банкомати со дебитни картички без провизија, почнувајќи од 01 Јануари 2020 година.

Интегрираната банка ќе има знајачно учество и видливост на пазарот преку понудата на широк спектар на банкарски производи, инвестициски фондови, осигурителни, лизинг и готовински услуги.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Драгица од Скопје и Марк од Бејрут направија волшебна свадба во Либан: „180 Либанци учеа да играат П... „По свадбата во Скопје, на свадбата во Бејрут имаше само либански обичаи. Марк с...
Тоше победи на Беовизија, на телевизија гледавме „Наше маало“ – Настани во Македонија што се случија... Во 2003-та, односно пред 20 години, Македонија не се натпреваруваше на Евровизиј...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg