Инвестирањето во недвижности е најдобра опција за граѓаните!

Според истражувањето кое го направи реномираниот бизнис портал Бизнисвести.мк вложувањето во недвижности е најдобрата инвестициона опција за граѓаните во земјава. 

investiranjeto-vo-nedvizhnosti-e-najdobra-opcija-za-gragjanite-01.jpg

Анкетата во која партиципираа над 1600 луѓе, се однесуваше на испитување на јавното мислење во однос на тоа кои се најефикасните инструменти за инвестирање во нашата земја. Преку 47,1% од луѓето сметаат дека нивните инвестиции би биле најсигурни во недвижен имот. По ова следуваат банкарските депозити со 20,7% и животното осигурување со 18,8%. Според одговорите, хартиите од вредност имаат најмала доверба кај граѓаните. Погледнете ги целосните резултатите од истражувањето.

investiranjeto-vo-nedvizhnosti-e-najdobra-opcija-za-gragjanite-02.jpg

Истражувањето покажа дека инвестирањето во недвижен имот на добра локација, во квалитетно изграден објект, со добар план и распоред, е највредната опција за вложување во земјава. Граѓаните се чувствуваат најсигурни кога вложуваат во стан, за  кој веруваат дека никогаш нема да изгуби на вредност, напротив, тие веруваат дека со текот на годините, само може да добие на вредност, и создале исплатлив поврат на инвестицијата.

investiranjeto-vo-nedvizhnosti-e-najdobra-opcija-za-gragjanite-04.jpg

Ниските каматни стапки за вложување во депозити во банки, несигурноста на домашната берза на краткорочни хартии од вредност, непостоењето на други финансиски опции за вложување, несигурноста на малите бизниси, придонесоа поголемиот дел од граѓаните кога ќе дојдат до одредени финансиски средства да размислуваат да ги вложуват во недвижен имот.

Притоа сакаат да имаат доверба во компанијата, да се сигурни во квалитетот на градбата, во исполнувањето на сè она што би се ветило при постигнување купопродажен договор. Од рок на завршување на работите, па се до финиширање на најмалите детали, во енергетската ефикасност на објектот, применување на еколошките аспекти во рамките на комплексот и многу други поединости.

Дефинитивно, денес граѓаните имаат високи очекувања за своите потреби, и се внимателни при изборот на стан за живеење.

Во овој контекст би го истакнале комплексот Лимак Дајмонд кој ќе обединува деловно – резиденцијални единици и трговски центар во согласност со модерните потреби и животни навики на граѓаните на Скопје. Ќе вклучува околу 772 станови во 20-катни згради со по 1, 2 или 3 спални соби, ексклузивни канцеларии, трговски центар, простор за слободни културни активности ресторани, кафулиња, фитнес центар, хотел со казино и паркинг со капацитет за над 2.800 автомобили. Површината на вкупниот проект ќе биде околу 325.000 квадратни метри, и се наоѓа во срцето на Скопје. Лимак Дајмонд Скопје ќе понуди одново заживување на делот од градот што со децении беше неуреден и запоставен, а граѓаните на Скопје ќе може да се гордеат со дизајнот и модерниот изглед на овој важен дел од градот.

investiranjeto-vo-nedvizhnosti-e-najdobra-opcija-za-gragjanite-03.jpg

investiranjeto-vo-nedvizhnosti-e-najdobra-opcija-za-gragjanite-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Центар со поддршка за семејствата на летниот распуст, ги отвораме градинките за ученици до 10 годин... Општина Центар и оваа година обезбедува летно згрижување за деца до 10 годишна в...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...

Најчитани неделава