Каревци во посета на Домот за стари лица „Мајка Тереза“ - Преплет на емоции, милион насмевки и прегратки

Честопати забораваме дека сите нè чека староста. Немаме време да мислиме дека не е сè во трчањето по секојдневните обврски.

preplet-na-emocii-million-nasmevki-i-pregratki-karevci-vo-poseta-na-domot-za-stari-lica-majka-tereza-1.jpg

Што следува кога ќе остареме? Дали веќе не сме му потребни на светот? Илјадници прашања кои допираат до срцето ако за миг подзастанеме и се обидеме да видиме како функционираат старите лица, оние најкревките кои всушност изоделе цели патишта, безброј стрмнини и падини.

„Баба и дедо“, зборчиња од само четири букви, а толку љубов во нив.

Секогаш подготвени да ја исполнат секоја желба, дури и каприц, само за да измамат насмевка на лицата на своите сакани. Најдобрите учители со долгогодишни искуства зад нив, секој нивни збор чиниш отвора милион порти и ги лекува сите рани.

Некои од нив својата старост ја доживуваат во своите домови, покрај своите сопрузи, деца, внуци, соседи... Има и такви кои својата старост ја продолжиле во домовите за стари лица.

Зарем тие не заслужуваат трошка љубов и внимание? Некој кој ќе им го разубави денот и со само една насмевка ќе им ги стопли срцата?

„Имавме прилика да бидеме дел од нивното секојдневие, бидејќи така одлучивме сами , бидејќи сакавме да им приредиме малку забава и среќни мигови, во кои воедно уживавме“. - така велат учениците од скопската гимназија „Никола Карев“ кои заедно со својата професорка Снежана Станкова беа гости во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во неделата за грижа на старите лица.

„Учиме дека и надвор од училиштето може да се функционира и да се учи за љубовта, грижата и емпатијата. Тоа во рамките на образовниот систем се нарекува проектна активност“, ни раскажаа учениците.

Учениците за својата прекрасна публика ја подготвија театарската претстава „Рибарот и рипката“ во која старите лица навистина уживаа.

Preplet-na-emocii-million-nasmevki-i -pregratki–Karevci-vo-poseta-na-Domot-za-stari-lica-„Majka-Tereza“ 02 630x380.jpg

По нејзиното завршување, целата атмосфера кулминираше во музика, пеење, ора, насекаде насмевки и прегратки, глетка која милион зборови не ќе можат да ја опишат.

Младите Каревци имаа прилика да разговараат со старите лица, да добијат по некој совет и да споделат обострани животни искуства. Топлина, љубов, среќа, воздишки, по некоја солза... Милион чувства испомешани.

Preplet-na-emocii-million-nasmevki-i -pregratki–Karevci-vo-poseta-na-Domot-za-stari-lica-„Majka-Tereza“ 03 630x380.jpg

На оваа прекрасна акција им се придружија и учениците под менторство на професорката Валентина Панџарова со прекрасно подготвена закуска.

Љубовта доаѓа од стомакот, зарем не?!

Preplet-na-emocii-million-nasmevki-i -pregratki–Karevci-vo-poseta-na-Domot-za-stari-lica-„Majka-Tereza“ 04 630x380.jpg

Тука беа и топлите, инспирирачки пораки и желби за долг и среќен живот кои ги подготвија учениците под менторство на професорката Мила Михајловиќ.

Изработени со толку љубов, посветеност и емпатија, не залудно се вели: подарок директно од срцето.

Preplet-na-emocii-million-nasmevki-i -pregratki–Karevci-vo-poseta-na-Domot-za-stari-lica-„Majka-Tereza“ 05 630x380.jpg

Учениците од СУГС „Никола Карев“, со помош на своите професорки подготвиле една голема забава исполнета со љубов и среќа.

„Домаќините се покажаа во најдобро светло, па добивме и прошетка во нивното креативно катче. Резултатот беше очекуван. 

Децата пресреќни бидејќи доживеале ден кој ќе го паметат цел живот. Старите пак надежни дека сепак не се заборавени, дека има некој кој им се радува и сака да се дружи со нив“. 

Староста сепак не значи крај на животот. Не заборавајте ги вашите баби, дедовци, мајка, татко, пријатели, соседи...

Еден обичен гест, мало внимание, за вас можеби не значи ништо, но за нив значи цел свет, за нив значи желба за живот. 

Во продолжение погледнете повеќе фотографии од оваа прекрасна посета: 

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...

Најчитани неделава