Комплексот Лимак Дајмонд ќе има силен придонес во развојот на Скопје и локалната економија!

Во тек е изградбата на модерната Лимак подземна сообраќајница, како и подготвителните работи за комплексот Limak Diamond.

kompleksot-limak-dajmon-kje-ima-silen-pridones-vo-razvojot-na-skopje-i-lokalnata-ekonomija-01.jpg

Во истиот реон во завршна фаза е изградбата на хотелот на Лимак, кој по се изгледа ќе биде првиот објект кој ќе биде финализиран во овој дел од градот. Станува збор за инвестиција на реномираната турска компанија Лимак Холдинг на површина од околу 325.000 квадратни метри а во вредност од над 250 милиони евра.

kompleksot-limak-dajmon-kje-ima-silen-pridones-vo-razvojot-na-skopje-i-lokalnata-ekonomija-02.jpg

Комплекс во чија изградба се вклучени повеќе македонски градежни компании, голем број на стручни работници, локални градежни експерти, луѓе од институтот за сеизмологија, од градежниот факултет што директно придонесува кон ново заживување на градежната индустрија, но овој пат стимулирана од приватен инвеститор. Ефектите се очекува да бидат позитивни и за севкупниот БДП на Република Северна Македонија, каде веќе има значителни приливи на средства, а кои се очекува да бидат интензивирани во периодот кој следи.

Станува збор за мултифункционален комплекс кој брзо ќе стане ново културно обележје и симбол на „новото Скопје“ на простор кој со години наназад беше несреден, неурбанизиран, избегнуван од граѓаните на Скопје.

kompleksot-limak-dajmon-kje-ima-silen-pridones-vo-razvojot-na-skopje-i-lokalnata-ekonomija-03.jpg

Кога градежните активности ќе бидат во полн ек, се очекува на комплексот да работат околу 1.200 работници и инженери. Откако комплексот  ќе биде завршен се очекува над 2300 луѓе тука да работат, а над 25.000 посетители на дневна основа да го посетуваат трговскиот центар. Се очекува негова голема популарност во овој дел од балканот, и истиот да биде посетуван од граѓани од соседните земји.

kompleksot-limak-dajmon-kje-ima-silen-pridones-vo-razvojot-na-skopje-i-lokalnata-ekonomija-04.jpg

Со новата, функционална, а истовремено и  естетски возбудлива архитектура на ова ново комплексно, хармонично архитектонско дело, Скопје ќе добие ново градско обележје, кое ја реактуелизира разбирливата архитектура и ја обновува врската со пејзажот и контекстот на Старата железничка станица, отворените простори, циркулацијата на движењето, визурите и амбиентот што го опкружува. Комплексот ќе има резиденцијален дел, деловни канцеларии трговски центар, хотел, простор за културни активности сместени во Музејот, места со фина храна, фитнес центар, казино и паркинг.

kompleksot-limak-dajmon-kje-ima-silen-pridones-vo-razvojot-na-skopje-i-lokalnata-ekonomija-05.jpg

Лимак Дајмонд ќе биде симбол на отвореноста на Скопје, да ја прифати различноста, промената и автентичноста која со години се чувствувала во овој историски дел од градот, каде отсекогаш се мешале енергии, различни култури, религии и народи што поминале низ овие простори.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава