Оваа зима препорачуваме: Битолско свежо млеко отсега збогатено со Д3 витамин

Добро познатото Битолско свежо млеко отсега е дополнително збогатено со витамин Д3.

ovaa-zima-preporachuvame-bitolsko-svezho-mleko-otsega-zbogateno-so-d3-vitamin-01.jpg

Покрај тоа што е природен извор на калциум, лесно е за консумација бидејќи не е потребно да се вари и се консумира свежо. Со ваквиот состав ова млеко, совршено е за сите консументи особено во зимските месеци кога сончевите денови ни се ограничени. Посебно е препорачливо за повозрасната популација и нивната зголемена потреба од грижа за коските и забите.

“Битолска млекара посветено продолжува со создавање висококвалитетни производи и подобрување на сопственото производно портфолио. Како најголем производител на млеко и млечни производи во Македонија, со секој новитет ја исполнуваме нашата обврска и на потрошувачите им нудиме производ што е конкретен одговор на вистинските хранливи потреби и производ којшто нуди здравствени придобивки. Така, Битолското свежо млеко со Д3 витамин, како производ со веќе изразени нутритивни вредности, сега има збогатен состав и дополнителна вредност”, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.

ovaa-zima-preporachuvame-bitolsko-svezho-mleko-otsega-zbogateno-so-d3-vitamin-02.jpg

Витаминот Д придонесува за подобра апсорпција на калциумот од млекото и подобро сврзување во организмот, а со таквиот состав се подобрува улогата и функцијата што млекото ја има во одржувањето здрав и силен имунитет. Во исто време ги развива и зачувува природните функции на коските и мускулите, а значаен е и за одржување здрави заби. Токму заради широкиот опсег придобивки, здравствените лица препорачуваат дополнително внесување на витаминот Д3 кога природното е ограничено.

“Витаминот Д има огромна, значајна улога во телото, а посебно е потребно дополнително внесување во зимските месеци и периоди кога се ограничени сончевите денови, а со тоа и природното снабдување. Потребата од овој витамин за структурата и јачината на коските е толку силна што не се менува во зависност од возраста или годините. Со помош на витаминот Д во млекото, калциумот успева подобро да се апсорбира и сврзе во нашиот организам, а со тоа и да ја зајакне цврстината на коските, што е исклучително важно кај постарата популација при превенција од повреди и остеопороза. Од огромна важност е и кај децата, за правилен раст и развој и за одржување здрав имун систем“, изјави доцент д-р Виктор Камнар, Специјалист ортопедски хирург.

Битолско свежо млеко со Д3 е произведено од најквалитетно домашно млеко и според највисоки производни стандарди, со што претставува премиум производ за здрав живот и правилна исхрана.

Би можело да ве интересира:

Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Лозано првпат објави фотка од синот за прв роденден: „Да си ни жив и здрав, синко мој“ „Бебушек Марко денес ни прави 1 годинка“ - стои во дел од описот кој Лозано го н...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...

Најчитани неделава