Состојба до 30.03.2020: Во Македонија има нови 26 заболени и 9 излекувани пациенти

Министерот Венко Филипче ја објави состојбата на заболени со корона вирус во земјава до 30 март, 12 часот на пладне. 

sostojba-do-30-03-2020-vo-makedonija-ima-novi-26-zaboleni-i-9-izlekuvani-pacienti-001.jpg

Во Македонија има 26 нови случаи со корона вирус, со што вкупната бројка изнесува 285 лица. За жал уште еден пациент почина, а уште 9 пациенти се пуштени на домашно лекување, со што бројката на излечени пациенти достигна 23.

Деталната состојба е следна:

Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Целосен преглед за состојбата по градови ќе испратиме дополнително бидејќи дел од потврдените се со работа во Скопје, но место на живеење во друг град, а анкетите се се уште во тек.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата денеска до 12.00 часот изнесува 285 лица.

Утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март.

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома.

sostojba-do-30-03-2020-koronavirus-vo-makedonija-2.jpg

 

Би можело да ве интересира:

Бебе родено во Скопје со 1.100g и срцева мана, по 50 дена си оди дома со 2.100g - Го оперирал д-р Ча... „По 50 дена континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа...
Потег за почит! Градинарот Андреј (25) сам расчистува делови од Скопје: „Чистам 2-3 пати неделно, мн... Состојбата на некои места во Скопје допринесе за тоа да почнам сам да расчистува...
Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патека кој... Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:...

Најчитани неделава