Состојба до 03.04.2020: Во Македонија 46 новозаболени, уште 3 оздравени

Во најновото соопштение за пациенти заболени од корона вирус во Македонија, стои дека до 03.04.2020 до 12 часот, во земјава има 46 нови случаи, 2 починати и 3 оздравени пациенти.

sostojba-na-koronavirus-vo-makedonija-do-03-04-2020.jpg

Деталната состојба е следна:

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, неговиот резултат на Ковид-19 сè уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје-13, Куманово-23, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 430 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Скопје – 208
Куманово -85
Дебар – 49
Штип-15
Прилеп – 22
Тетово – 15
Струга – 9
Велес – 8
Битола – 4
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 2
Гевглелија – 4
Струмица – 1
Крива Паланка- 2
Кочани – 1

Во изминатото дено-ноќие направени се 389 теста од кои преку ИЈЗ- 222. Преку Ветеринарен факултет – 13, лабораторија Авицена- 22, Биотек – 20 и Филип Втори (Жан Митрев) – 112. Досега во земјата се направени 4.506 тестирања на Ковид-19.

Министерството за здравство информира дека меѓу потврдените случаи од Куманово,  има нови потврдени здравствени работници позитивни на Ковид-19 од болницата во Куманово, за кои Министерот за здравство Доц. Д-р Венко Филипче дополнително ќе информира на редовната прес конфенција.

 Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Бебе родено во Скопје со 1.100g и срцева мана, по 50 дена си оди дома со 2.100g - Го оперирал д-р Ча... „По 50 дена континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа...
Потег за почит! Градинарот Андреј (25) сам расчистува делови од Скопје: „Чистам 2-3 пати неделно, мн... Состојбата на некои места во Скопје допринесе за тоа да почнам сам да расчистува...
Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патека кој... Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:...

Најчитани неделава