Состојба до 06.04.2020: Во Македонија има нови 15 случаи и 7 излечени пациенти

Објавена е најновата состојба на заболени и излечени пациенти од корона вирус во земјава до 6-ти април 2020. Детална состојба во продолжение...

sostojba-do-06-04-2020-koronavirus-vo-makedonija.jpg

На прес-конференцијата, Министерот за здравство, Венко Филипче ги даде следните информации:

Регистрирани се 15 нови случаи на коронавирус во земјава, по градови: Скопје – 4, Куманово – 8, Тетово – 1, Струга – 1 и Штип – 1. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 570 лица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти. Почина пациент од Кочани на возраст од 40 години, хоспитализиран на 29 март на клиниката, без познати коморбидитети, пациент од Тетово на возраст од 69 години со претходни коморбидитети и уште еден пациент од Тетово на возраст од 65 години.

Од оваа клиника денеска се испишани 4 оздравени пациенти, а Институтот за јавно здравје информира за уште три лица во Дебар, кои по два контролни теста се негативни и истите се сметаат за оздравени.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје – 239
Куманово - 121
Дебар – 49
Штип - 20
Прилеп – 33
Тетово – 29
Струга – 25
Велес – 10
Битола – 6
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 3
Радовиш -4
Крушево – 2
Кочани – 14

sostojba-do-06-04-2020-vo-makedonija-ima-novi-15-sluchai-i-7-izlecheni-pacienti-02.png

Проследете ја прес-конференцијата на претседателот на Владата Спасовски, д-р Владимир Микиќ и Министерот за здравство, Венко Филипче, доколку ја пропуштивте:

Прес-конференција на претседателот на Владата Спасовски, министерот Филипче и д-р Владимир Микиќ

[🔴Во живо] Прес-конференција на претседателот на Владата Спасовски, министерот Филипче и д-р Владимир Микиќ

Posted by Венко Филипче on Monday, April 6, 2020

Би можело да ве интересира:

Македонка, омажена во Волос, за CRNOBELO: „Состојбата со поплавите во Грција е ужасна, кај мене пред... „Овде е хаос, исплашени сме, не престанува да врне. Автомобилите веќе до половин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg