Состојба до 07.05.2020: Бројот на новозаболени порасна за 33, оздравени се уште 22 пациенти

Министерот Филипче ја објави најновата состојба - бројот на новозаболени повторно порасна - погледнете детално во продолжение.

sostojba-do-06705-2020-vo-makedonija-01.jpg

Институтот за јавно здравје, денеска регистрира 22 оздравени пациенти.
- Скопје 2
- Куманово 6
- Штип 3
- Прилеп 7
- Тетово 1
- Струга 1
- Кочани 2

Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1.

Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на КОВИД -19.

На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70 годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје.

Вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1572, бројката на оздравени пациенти е 1079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.

sostojba-do-07-05-2020-brojot-na-novozaboleni-porasna-za-33-ozdraveni-se-ushte-22-pacienti-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...
Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес, ќе пешачи 111km за кревање на свеста за сексуалното злоста... „Организирам пешачење за подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца...

Најчитани неделава