Филипче: „Наместо сами, соседите ги пријавуваат болните, но ширењето не е неконтролирано“

По денешното соопштение за новите 89 случаи, Филипче одржа прес-конференција на која ги сподели најновите информации.

pres-konferencija-filipche-01-06-2020.jpg

Во прес-конференцијата, Министерот ги соопшти следниве работи:

Утрово со комисијата за заразни болести се дискутираше за статистиката.

И покрај високите бројки на новозаразени, нема пациенти кои се јавуваат во болниците, значи поголем дел се со лесна клиничка слика кои се лекуваат во домашни услови или се асимптоматски носители.

Во текот на вчерашниот ден е направен детален увид во Центарот за јавно здравје – Скопје, каде екипа од 5 тимови работи на терен во повеќе скопски општини.

Што се однесува до кластерите, околу 70% од сите нови случаи во Скопје се од веќе познати кластери, најголем дел од Чаир и Сарај каде интензивно се работи деновиве. Во Чаир ситуацијата е спласната и денес има само 2 нови случаи од оваа општина. Сега тимовите работат интензивно во Сарај, како и во Студеничани, од каде денес се анкетираат луѓето.

Во Штип новодијагностицираните пациенти се околу оние случаи од вработените од конфекции, а денес екипа од Министерство за здравство и Државен санитарен инспекторат прави увид, и донесена е одлука да се затворат 5 конфекции до следниот понеделник. Екипа за увид е испратена и во Куманово.

Констатирано е дека нема неконтролирано ширење на вирусот, а се разговараше и за евентуално дополнително воведување рестриктивни мерки, но одлучено е да се почека, додека во меѓувреме поинтензивно се работи на терен.

За дополнителни мерки се смета карантин во одредени делови и полициски час локализирано каде ќе биде индицирано.

Анализата на епидемиолозите покажа дека бројката е повисока, но сите пациенти произлегуваат од контакти согласно анкетите од изминатите денови. Се прави скрининг на сите контакти кои ги даваат новодијагностицираните, а тој број се зголемува според индикациите и контактите.

Еден од главните проблеми е слабата соработка со дел од граѓаните и одбивањето да се пријават во болница дури и кога имаат симптоми, а тоа го прават нивните соседи.

Се разговараше и за планот за следните фази за олабавување на мерките, а на ова прашање ќе се вратиме кон крајот на неделата. За датуми за отворање градинки, но и граници исто така ќе се разговара кон крајот на неделата.

Следете ја прес-конференцијата:

Денес беа потврдени 89 нови случаи во земјава – ТУКА погледнете ја деталната состојба.

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...

Најчитани неделава