Како Скопје стана „главен град на брутализмот“ - интервју со архитектот Драган Крстевски

Скопје е урбан рај за ентузијастите за бетонска архитектура. Со население од едвај половина милион, главниот град на Македонија се смета за мал според многу стандарди. Но и покрај неговата големина, тој има многу повеќе брутална архитектура отколку кој било град што може да се спореди со него.

kako-skopje-stana-glavniot-grad-na-brutalizmot-intervju-so-arhitektot-dragan-krstevski-01.jpg

Па, како толку многу брутализам завршил овде и кои лекции можат да се научат од брзата стилска еволуција на необичниот урбан центар на Македонија?

Поразговараме со скопјанецот Драган Крстевски, кој сега работи како архитект во Лондон, држи говори за TEDx, е коосновач на First Archi Brigade и е автор на неодамна објавено дело за градскиот план на Скопје, за да откриеме како овој крај од Балканот го заработи епитетот „европскиот главен град на брутализмот“.

Ја започнуваме оваа приказна за трансформација со неочекуваното: трагедија што засекогаш ги промени градот и неговите луѓе.

„Моите баба и дедо беа од Скопје. Нивната куќа беше уништена тој ден“, се присетува Драган.

kako-skopje-stana-glavniot-grad-na-brutalizmot-intervju-so-arhitektot-dragan-krstevski-03.jpg

Рано наутро, на 26-ти јули 1963, главниот град на Македонија го погоди земјотрес. Катастрофата уби над 1.000 луѓе, остави над 200.000 жители без нивниот дом и разурна 80% од градот. Како што штетата стануваше видлива, властите заклучија дека за поголемиот дел од Скопје нема спас. Некои населби беа целосно уништени и никогаш повторно изградени.

Во 1965-та, ОН одржа натпревар за реконструкција на градот, а урбаниот план на јапонскиот модернистички архитект Кензо Танге доби 60% од гласовите.

Post-Office-Medical-HS.jpg

„Јас лично ги сакам брутализмот и модерната архитектура“, признава Драган.

Уште на 8-годишна возраст тој одлучил дека сака да биде архитект и не ја исклучува можноста дека тоа што растел опкружен со модернистичка архитектура можеби е причина за неговата желба.

„Мислам дека е многу важен стил бидејќи ја чисти архитектурата од непотребните декорации и докажува колку едноставните форми и функционалните дизајни можат да создадат убави градби“.

Ова мислење е контроверзно…

Целиот разговор со архитектот Драган Крстевски можете да го прочитате ТУКА.

Би можело да ве интересира:

Драган од Радовиш: „Поминаа 10 години откако дојдов во Шведска - знаев само 5-6 Македонци, но држава... „Денес... 10 години откако дојдов во Шведска. Искрено… поминаа како 10 дена. По ...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Драган Спасов Дац со моќна објава за бракот: „Да се живее со човек што го сакате, значи и да се пецк... „Заедничкиот живот во брак не е лесен и тешко е да се одржува во рамнотежа секој...
Драган Спасов Дац со носталгија: „Пиевме вода од градинарско црево, колената ни беа како излезени од... „Не ги чепкај луѓето со педесет + години... Тврди како леб од една недела. Брзи ...

Најчитани неделава