Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Халк Вело Грин - велосипедската трка во организација на Халкбанк ќе се одржи на 8 Септември во Маврово

Многу награди и предизвици за професионалните и рекреативните велосипедисти

halk-velo-grin-velosipedskata-trka-vo-organizacija-na-halkbank-kje-se-odrzhi-na-8-septemvri-vo-mavrovo-01.jpg

(Скопје, 06.09.2020) - На 8 Септември со почеток во 10:30 часот, во Маврово ќе се одржи првата хронометар велосипедска трка во нашата земја, насловена како HALK VELO GREEN. Трката е во организација на Халкбанк АД Скопје, како дел од HalkEco платформата чија цел е поттикнување на здрави животни навики и придонесување за подобра животна средина. Право на учество имаат сите лица над 16 години, а учесниците ќе се натпреваруваат во две категории според тежина на патеката, ПРО и ХОБИ.

Рутата е во должина од 22 км, ќе се вози во правец Бистра – Леуново – Бистра, а стартната точка ќе биде големиот паркинг пред спортската сала, што воедно ќе биде и завршна точка. Во времето предвидено за трката, од 10.00 – 15.30 часот, патот ќе биде затворен и обезбеден од сообраќајна полиција.

Бидејќи се работи за хронометар трка, по еден учесник ќе стартува на секои 15 секунди. Мерењето на време ќе се врши со чипови, кои ќе им бидат доделени на учесниците пред почетокот. Покрај чиповите, секој учесник добива и подарок од организаторот и пријателите на трката, фотографии од трката, медал и онлајн диплома за завршена трка.

HALK VELO GREEN трката ќе се одржи според правилата и протоколите пропишани од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје. Задолжително е сите учесници да носат заштитна маска пред почетокот и по завршувањето на трката, како и одржување физичка дистанца за време на истата. Ќе бидат поставени и повеќе пунктови за дезинфекција на рацете. На влезот ќе се прави термален скрининг на секој учесник, а медицински екипи ќе бидат поставени на три места на патеката. Организаторите имаат обезбедено дополнителни заштитни маски со цел целосно да се испочитуваат протоколите.

„Особено сме горди што се јавуваме во улога на организатор на првата хронометар велосипедска трка во земјава и што и покрај несекојдневните случувања предизвикани од пандемијата, успеваме да ги продолжиме нашите активности во насока на грижа за животната средина. Уверени сме дека организацијата ќе помине во најдобар ред и дека истата ќе прерасне во традиција. Се надеваме дека учесниците ќе уживаат во возењето и во прекрасната природа што ја има Маврово, водени од можноста за победа, но водени и од крајната цел – придонесување за зголемување на зеленилото во земјата преку пошумување. Нѐ радува што преку нашата HalkEco апликација и активностите кои ги нудиме, успеваме да поттикнуваме сѐ повеќе граѓани да прават промена во своите животни навики, да ја зголемат својата физичка активност и свест за околината. Преку тоа добиваме поздраво, почисто и подобро општество за сите. Им посакуваме многу успех, но и убав помин на сите кои ќе се натпреваруваат. Секако, огромна благодарност до општина Маврово и Ростуше, Мастеркард, Халк Осигурување, Алкалоид АД Скопје, Полеоспорт, One Hospital и Parkland Hospitality Group кои пријателски ја поддржуваат оваа трка“, изјави Маја Наумовска Савеска од Халкбанк.

За најдобрите натпреварувачи, мажи и жени, во двете категории ќе има вредни награди. Најдобрите во категоријата ПРО ќе добијат ваучер за Garmin часовник во износ од 30.000 денари, оние кои ќе освојат второ место добиваат ваучер за спортска опрема во износ од 15.000 денари, а оние кои ќе освојат трето место добиваат ваучер за спортска опрема во износ од 9.000 денари. Наградите во категоријата ХОБИ се следните: прво место – ваучер за Garmin часовник во износ од 20.000 денари, второ место – ваучер за спортска опрема во износ од 6.000 денари и трето место – ваучер за спортска опрема во износ од 3.000 денари.

Халк Вело Грин е во организација на Халкбанк АД Скопје, со техничка и стручна поддршка од КЛС ивенти, Сојуз на спортови Скопје и спортскиот директор Лазо Миновски.

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Маврово се разбуди под снежна прекривка (фото) Конечно снегче во Маврово и првите зимски пејзажи... Доаѓа најубавиот период од ...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Јелена и Филип се венчаа на ски стаза во Маврово – под олтар направен од скии, невестата скијаше во ... „Стапивме во брак кај Трифкова колиба, а до олтарот кој беше направен од стари с...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg