Филипче: „Состојбата се влошува, најава за маски на отворено и за можен карантин“
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Филипче: „Состојбата се влошува, најава за маски на отворено и за можен карантин“

Дел од мерките кои ги најави Филипче се задолжително носење маска и на отворено, ограничување на број на лица во угостителски објекти и групирање воопшто, силна контрола и казни за недозволени семејни прослави, вели дека се обидуваат да го избегнат карантинот, но доколку е нужно ќе се направи и тоа.

filipche-sostojbata-se-vloshuva-najava-za-maski-na-otvoreno-i-za-mozhen-karantin-01.jpgфото: depositphotos.com

Некои од најважните информации кои ги соопшти Министерот на денешната прес-конференција:

Целта на денешната прес-конференција е врз основа на анализите од Министерството и Комисијата за заразни болести, како и најава за следните чекори.

Состојбата кај нас како и во Европа се влошува како што завршува летото. Велика Британија, Шпанија, Франција, Чешка, Холандија се меѓу земјите кои планираат да имплементираат нов пакет на рестриктивни мерки.

Британската влада планира воведување нов национален карантин, во Израел се затворени школи и градинки, како и трговски центри, Франција заострува мерки и ќе бидат забранети дружења и посети меѓу домаќинствата. Ова го најавуваме многупати дека септември ќе биде почеток на нов есенски бран.

Според анализите на Комисијата, заклучно со 19-ти септември, најголем број случаи има во Скопје, Куманово, Тетово и Штип. По возрасни групи, најзастапена е групата над 60 години, а избива и онаа меѓу 30-39 години. Вирусот е поприсутен помеѓу работоспособното население и она кое име многу социјални контакти.

Анализите на дистрибуција на потврдени случаи, според начин на стекнување на болеста, покажува дека најмногу е преку локален пренос на инфекцијата, по затворање на границите спорадични импортирани случаи има од 29-ти мај, а по повторно отворање на границите речиси секој ден. Најголем број импортирани случаи има од Албанија.

Од анализите јасно може да се заклучи дека зголемувањето на бројката е заради непочитување на мерките, најмногу групирање, семејни собири, прослави, свадби, кои што се забранети, но и генерално опуштање на граѓаните.

Граѓаните заборавија на важноста за почитување на мерките и последиците кои сите и сносиме. Летото е зад нас, а со тоа и стабилниот период завршува. Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм дека мора и натаму да делуваме за да го заштитиме здравствениот систем.

Заради оваа состојба почнавме, а од следната недела уште повеќе ќе ги засилиме и контролите за спроведување мерки и протоколите кои се веќе на сила, сите инспекторати и институции кои се задолжени. Апелирам состојбата да се разбере сериозно.

Недозволиво е сериозен дел од граѓаните да не почитуваат мерки, како и угостителите.

Во тек се анализи и планови за воведување нови мерки за спречување понатамошно ширење на вирусот. Наша статегија е навремено да воведеме мерки кои директно ќе влијаат за да се избегнат евентуални рестрикции на движењето и мерки кои ќе ја закочат економијата и би не затвориле во домовите, но ако е нужно, ќе го направиме и тоа.

Дел од мерките кои ги разгледуваме се задолжително носење маска и на отворено, ограничување на број на лица во угостителски објекти, ограничување број на лица за групирање воопшто, силна контрола и казни за семејни прослави и прослави на затворено, прецизен протокол за работа на угостителски објекти на затворено и евентуално намалување на капацитетот на јавен превоз.

Капацитетот на болниците моментално е во добра состојба но најголемиот ризик е тоа. Ќе се соочиме со есенски бран и го подготвуваме здравствениот систем. Но, системот не може без граѓаните и нивната поддршка. Да ги почитуваме мерките, да не дозволиме да се преполнат болниците.

Сите знаеме какви штети предизвикува карантинот како мерка и врз економијата и врз граѓаните, можеме да го превенираме само со целосно и доследно држење на препораките и мерките. Од нас зависи каква есен ќе имаме.

Погледнете ја цела прес-конференција:

Најчитани неделава