Наим од „Преспав“: „Се разведов од сопругата поради пороци - денес сме пак заедно, ни се роди син пред еден месец“
- Детали
- среда, 29 април 2026
„Искрено кажано, јас сум бил говедо, не сум знаел да ја почитувам. Башка, 9 години помлада сопруга, милина. Сега, фала му на Господ, на Алах, се вратив, ја свртев страницата и многу сум среќен поради тоа. Многу ми е драго што се сменив, ама не поради неа - поради нас“, открива актерот Адриан Азири во интервју.

Актерот Адриан Азири, познат како Наим од најпопуларниот македонски ситком „Преспав“, пред околу еден месец (23 март 2026) добил син, негово второ дете.
Актерот го откри ова во подкастот на Стефан Лазаров, каде што гостуваше неодамна, па зборуваше на бројни теми, вклучувајќи го и девијантното однесување во младоста, кариерата, но и фактот дека денес е друг човек поради сопругата и нејзината поддршка.

„Јас имам еден човек со кого што живеам, и многу сум среќен што ја имам - освен моите две мали дечиња, тоа е мојата сопруга.
Таа беше поттик за јас да си го сменам животот, да ја сменам страната од таа книга, кога јас реков СТОП за многу работи, на кои веќе им помина време, истекоа, се исцедија.
И реков дај да пробам нешто друго, пошто заслужувам да имам нешто друго“, вели тој на почетокот.

Адриан не крие дека имал и пороци, а дека во борбата со нив најмногу му помогнала сопругата.
„Сакам на приватен план да те прашам за сопругата. Знам дека имате и развод, па се враќате и денеска имате две синчиња“, почнува да раскажува Стефан.

„Да... ради моите глупости, заради моите пороци. Таа беше многу против тие работи.
Види, јас не сум бил злонамерен човек, сум бил фамилијарен, меѓутоа знаев да заглавам, да излегувам со друштво, да доаѓам во 5 сабајле.
Таа не можеше да го издржи тоа. Искрено кажано, јас сум бил говедо, не сум знаел да ја почитувам.

Башка, 9 години помлада сопруга, милина. И не сум знаел да го почитувам тоа. Сега, фала му на Господ, на Алах, се вратив, ја свртив страницата и многу сум среќен поради тоа.
Ми даде ново нешто. Малиот тогаш имаше 2 години, почна да разбира, ме бараше, јас доаѓам да го гледам, не беше тоа-тоа.
Многу ми е драго што се вратив, се сменив, ама не поради неа - поради нас. И подобро ми излезе. Сакав самиот да се сменам“, открива Адриан.

„Колку е битно да имаш вистинска жена до тебе“, му одговара Стефан.
Погледнете го целото интервју:
А. Ј. | Црнобело