Силви бенд пееја за Драган Вучиќ, Дарио ја разигра публиката: Совршено издание на Бела Ноќ 2020 (фото)

silvi-bend-peeja-za-dragan-vuchikj-dario-ja-razigra-publikata-sovrsheno-izdanie-na-bela-nokj-2020-foto-01.jpg

Вечерва (26.09) се одржа спектакуларен концерт со македонски евергрини во склоп на 16-тото издание на Бела Ноќ во Скопје. Настапија Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Дарио, Јаков Дренковски, Силви Бенд, Мики Јовановски Џафер, Фиц Студени Нозе, Венко Серафимов, Леа, Дупер, Дани Димитровска во придружба на Баги Биг Бенд.

Организацијата од страна на Град Скопје и Универзална сала беше на ниво со почитување на сите мерки за претпазливост. Се седеше на дистанца, имаше мерење на температура, редари и ограничен број на влезници.

Настанот го отворија дечките од групата Дупер, а најемотивен момент од вечерта беше кога Силви бенд во чест на починатиот Драган Вучиќ ја изведоа песната „Ангели ме носат“, која е негово дело, а потоа неговата „Свирете ја зајди, зајди“ од Олгица Христовска.

Потоа со настапите на Мики Јовановски Џафер, Дарио и Тамара Тодевска ситуацијата кулминираше, а настанот заврши со стоечки овации за легендарниот Влатко Стефановски.

Повеќе од 2 часа уживање во совршена македонска музика, позитивна енергија и потсетување на нашите безвременски музички вредности... На Скопје дефинитивно му беше потребен ваков настан.

Фотки од настанот:

С. С. | Црнобело / Фото: С. С. 

Би можело да ве интересира:

Тамара Тодевска навести дека дошол крај на љубовта со Лука: „Сингл мајка што се состанува одново“ Тамара Тодевска сними шеговито видео со кое најави дека дошол крај на љубовта со...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Дарио од Битола ја запроси Мишела на -28°С на Пелистер: „Организирал сè од Германија - ме воодушеви“ „Бев шокирана кога ми рече дека ме сака и сака да го помине остатокот од животот...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Тамара Тодевска ѝ ги дупна ушите на ќерка си, Aна Исаиева блеска како некогаш: Што прават нашите ѕве... Моделот Ангела Василевска ужива во Тајланд и се гали со слонови, пејaчката Тамар...

Најчитани неделава