Охридска банка го продолжува рокот за замена на сите платежни картички со ново лого за еден месец

Процесот на замена на платежните картички ќе трае до 31 октомври 2020 година

ohridska-banka-go-prodolzhuva-rokot-za-zamena-na-site-platezhni-kartichki-so-novo-logo-za-eden-mesec-01.jpg

(30 септември, 2020 година) Охридска банка АД Скопје го продолжува периодот предвиден за замена на платежните картички на своите клиенти, физички и правни лица. Со тоа, овој процес ќе трае до 31 Октомври 2020 година. По истекот на овој период Банката ќе го ограничи правото на користење на картичките кои нема да бидат навремено заменети, затоа е важно клиентите да извршат навремена замена во матичните експозитури.

Со овој процес Банката ќе ги замени сите дебитни и кредитни картички на своите клиенти со нови картички, со логото на матичната групација Штаермеркише Шпаркасе. Со подигнувањето на новата дебитна или кредитна картичка, клиентите во Банката ја враќаат старата картичка која ќе биде веднаш деактивирана.

Охридска банка АД Скопје апелира до своите клиенти независно од периодот на важност на нивната картичка со старо лого, во најбрз временски период, а најдоцна до 31 Октомври 2020, кој е последен рок, да ги подигнат своите нови платежни картички.

За повеќе информации клиентите може да се обратат во контакт центарот на Охридска банка на телефонскиот број 02 15 050, или во мрежата на експозитури на Банката.

Би можело да ве интересира:

Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...

Најчитани неделава