Интервју со основачот на THRIVITY, платформа на која се сретнуваат работодавачи и работобаратели

intervju-so-osnovachot-na-thrivity-platforma-na-koja-se-sretnuvaat-rabotodavachi-i-rabotobarateli-01.jpeg

Барањето работа е работа

THRIVITY, платформата на која се сретнуваат луѓето кои бараат работа и компаниите кои вработуваат, го раздвижи пазарот на труд во земјава и од неодамна отпочна со Кариерен центар со кој ги потткнува лицата на личен развој и структуриран пристап на барање работа, и во време на пандемија. Само со соодветни компетенции може да се пресретне новото работно место, вели Поликарп Арсеновски основачот на Тривити, кој верува во отворен, кокурентен и транспарентен пазар на труд.

Заврши и втората група на слушатели на обуките на Тривити-Кариерен центар која беше насочена кон лицата кои изгубиле работа за време на Ковид кризата. Какви се вашите искуства?

Прекрасни! Не постои поголемо задоволство од тоа дека на некого можеш да му го пренесеш своето искуство и знаење, а особено кога тој/таа имаат потреба од тоа. Нашата цел е едноставна, ако само еден човек сме успеале да го поттикнеме да размислува и да почне на структуриран начин да се обиде да најде работа тогаш нешата цел е исполнета.

Низ програмите на Тривити - Кариерен центар ние тоа досега го направивме со 50тина луѓе во изминатите два месеца. Резултатот од истражувањето кое го спроведовме со учесниците покажа 97% општо ниво на задоволство, а добивме и прекрасни коментари и пораки на нашата е-пошта.

Ги охрабривме слушателите да ни испратат и предлози и од сега веќе можам да најавам две сесии кои ќе ги имаме во декември како продолжение на нашиот Кариерен центар, токму за оваа група на слушатели.

Како ја креиравте програмата? Кои се најголемите придобивки што можеа да ги добијат слушателите?

Се водевме од нашите богати искуства, но и од истражувањето на пазарот, кое го направивме додека сеуште идејата беше во зародиш. Овој пристап ни се покажа како клуч за да ја структурираме програмата соодветно. Се разбира ги разгледавме и програмите по кои работат кариерните центри во Соедниетите Американски Држави и Обединетото Кралство.

Најголемата придобивка е тоа што слушателите на овие модули ја препознаваат потребата и го препознаваат процесот, и јасно им е дека всушност „барањето работа е работа“. Барањето работа е структуриран процес на кој треба да се посвети сериозно внимание енергија и време.

Има повеќе придобивки, модулите се комбинација на теориско знаење испреплетено со многу практични примери и лично искуство на предавачите, и секако Tips & Trick кои се многу корисни во целиот процес „до новата работа“.  Но, она што е најзначајно, да се охрабрат слушателите за процесот за барање работа и да си го подготват својот план за развој бидејќи ние и нашите компетенции се најголемиот капитал што ги поседуваме.   

intervju-so-osnovachot-na-thrivity-platforma-na-koja-se-sretnuvaat-rabotodavachi-i-rabotobarateli02.jpeg

Кариерниот центар е надоврзување на активностите кои ги има Тривити –првиот Македонски пребарувач за луѓето кои бараат работа и компаниите кои нудат. Која е целта на овој пристап за развојот на Тривити?

Нашата мисија е да креираме отворен, транспарнетен и конкурентен пазар на труд. Да ги поддржиме луѓето во процесот на барање работа, а истовремено да креираме партнерски однос со компаниите кои имаат потреба од вработување. Тривити платформата е иновативно ИТ решение кое значително го подобрува и го унапредува досегашниот процес на барање работа и барање кандидати за работа. На компаниите им штеди време, им дава перспектива за кандидатите, а од друга страна платформата ги предлага лицата кои бараат работа секако доколку нивните квалификации одговараат соодветно на огласот за вработување, притоа тие се целосно заштитени, односно нивните податоци компанијата може да ги види само доколку тие прифатат барање за контакт.

Ваквиот пристап, е во тек со глобалните трендови, и ние веруваме дека со создавање на Кариерен центар го раздвижуваме пазарот на труд поттикнувајќи на него кандидати отворени и во процес на личен развој.

Вие имате сериозно меѓународно искуство кое низ работа се обидувате да го пренесете на домашниот пазар. Каков е ставот на работодавачите, а каков на луѓето кои бараат работа од искуството досега?

На оваа тема, денес можеме да зборуваме само врз база на скромните почетоци кои ги направивме, а со огромни пречки. Сепак ние го лансиравме „Тривити“ во мај, во ек на пандемија и политичка неизвесност, токму затоa велам дека платформата сеуште не го има видено „светлото на денот“ онака како ние знаеме и умееме. Работодавачите ја препознаваат додадената вредност и предностите во однос на сите останати можности на пазарот, особено откога ќе се уверат како платформата работи.

Луѓето кои бараат работа? За нив ќе зборувам преку цитат на лице кое ни се јави да се заблагодари, велејќи „Ми помогнавте да направам CV и платформата всушност ме предлага на соодветните компании кои имаат отворен оглас. Мене платформата ми бара работа 24/7“.  

Досега имаме повеќе од сто компании кои се наши партнери, а реализирани се преку 300 огласи за вработување. Во базата имаме илјадници кандидати кои „Тривити“ ги предложил на компаниите како соодветени, имаме потврди за повеќе од сто лица кои преку нашата платформа нашле работа. Сметам дека овие бројки се сериозен показател за ставот на работодавачите и лицата кои ни ја дале довербата во првите 180 дена. А, за нас тие се мотивација, да истраеме на патот следејќи ја нашата мисија.

Каква трага ќе остави пандемијата на пазарот на труд, и што им препорачувате на лицата кои бараат работа?

Барајте работа. Барањето работа е работа. Во процесот на барање посветете внимание на вашиот личен развој, и фокусирајте се на компетенциите кои во пост ковид периодот ќе бидат високо, а тоа се: справување со предизвици, способност за континуирано учење, способност за брзо прилагодување кон промени одговорност и агилност.

Нашите очекувања се дека пандемијата ќе предизвика низа комплексности на пазарот на труд. Краткорочно (до крај на првиот квартал најрано) за жал дополнително ќе ја поттикне невработеноста како апсолутна бројка по што ќе следи еден период на стабилизирање на пазарот, но со ризик дека со отворањето на границите ќе се соочиме повторно со ситуација како во 2019 година, кога бележевме недостаток на работна сила поради можностите кои се нудат на другите пазари на труд.

Мислам дека ова е еден добар период кој компаниите треба да го искористат и да направат ревизија во своите стратегии поврзани со луѓето и дополнително да ги зајакнат капацитетите и инвестициите во човечки капитал.

Би можело да ве интересира:

Денес се слават светите Кузман и Дамјан, заштитници на лекарите - Што не треба да правите на овој де... Светите браќа целиот свој живот го посветиле на лекување на луѓето, а не барале ...
Ева Нединковска: „Чекав ред во државна институција, се најдов во небрано и жена ми ‘тутна’ 50-денарк... „Чекам на шалтер. Носам само картичка, кеш во мене немам. Забележувам дека сите ...
Најубавите пораки за Божиќ што можете да им ги испратите на блиските Добро здравје, мир во душата, радост во мислите, младост во срцето, успех во раб...
Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
Пар од САД е воодушевен од посетата на Македонија: „Охрид во есен е прекрасен, земјава е мало парче ... „Ова е мало парче рај, скриениот бисер на Европа“ – млад американски пар е вооду...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg