Пере од Нокаут: „Бидете луѓе, затоа што ако го прокоцкаме и тоа... Нема ни што да се свири веќе“

„Луѓето знаат да гледаат директно во туѓата несреќа. Да се насладуваат на туѓиот пекол... Но, знаеш што не знаат? Да молчат кога е потребно. Да ја спуштат главата кога не знаат. Бидете луѓе, затоа што ако го прокоцкаме и тоа... Нема ни што да се свири веќе“, вели Никола Перевски - Пере.

pere-od-nokaut-lugjeto-a-se-trgnat-nastrana-koga-bolkata-ne-e-nivna-da-gi-ostavat-lugjeto-da-gi-zakopaat-svoite-deca-01.jpg

Никола Перевски Пере од Нокаут на својот Инстаграм профил напиша неколку стихови со наслов „Ќути кога боли“, инспириран од ситуацијата со пожарот во Кочани, но и случувањата во деновите потоа.

Објавата на Пере гласи:

ЌУТИ КОГА БОЛИ

Луѓето знаат да гледаат.
Знаат да гледаат директно
во туѓата несреќа.

Да кликнат,
да коментираат.

Да се насладуваат на туѓиот пекол
додека грицкаат нешто мрсно од кеса.

Но, знаеш што не знаат?

Да молчат кога е потребно.
Да ја спуштат главата кога не знаат,
кога немаат поим.

Да се ​​тргнат настрана кога болката не е нивна.
Да ги остават луѓето да ги закопаат своите деца
без блиц, шепоти и евтини анализи.

Не барам чуда.
Не барам свет
без врева.

Барем за тие неколку дена,
Бидете луѓе.
Не таблоиди.
Не ловци на туѓа трагедија.
Не доктори за се и сешто.

Само луѓе.
Со душа, ако ни остана.

Затоа што ако го прокоцкаме и тоа -
Нема ни што да се свири веќе.

Никола Перевски

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Пере од Нокаут: „Тешко е што денес го испраќаме Панчо, со Андреј оставија нешто што времето нема сил... „Кочани нека не се повтори никогаш повеќе. Цела земја, сите што ве сакаа, нема д...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите... „Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од роман...

Најчитани неделава