Познатите ѝ оддадоа последна почит на Бранка Станковска, првата спикерка на МРТ и идол на вљубениците во македонскиот јазик

Таа прва го најави започнувањето на Радиотелевизија Скопје во '64-та, македонскиот јазик звучеше волшебно кога таа го говореше, а до ден-денес, на некои радио програми, од нејзиниот глас одѕвонува „Точно е 12 часот“ – Бранка Станковска почина на 90-годишна возраст, мирно, во сон.

branka-stankovska-prviot-spiker-na-mrt-i-idol-na-vljubenicite-vo-makedonskiot-jazik-pochina-na-90-godini-01.jpg

Бранка Станковска, доајенот на македонското спикерство и првата спикерка и водителка на Вестите на Радио телевизија Скопје, почина на 90-годишна возраст.

Нејзината внука, Ирина Костовска, ја објави веста на Фејсбук, со емотивен текст напишан за својата баба:

Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука. Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа.

За работата што да напишам, беше вистински професионалец дури и по нејзиното пензионирање беше активна и сè уште може да се слушне нејзиниот глас на радио програмите, ТОЧНО Е 12.00 часот. Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко!

branka-stankovska-prviot-spiker-na-mrt-i-idol-na-vljubenicite-vo-makedonskiot-jazik-pochina-na-90-godini-02.jpg

Во 1964-та, на Црн Врв, каде што се наоѓал предавателот, Бранка за првпат најави дека почнува да работи Македонската радиотелевизија, односно тогашната Радиотелевизија Скопје, која го започнува редовното емитување сопствена програма од сопствено студио.

На почетокот сите програми ги најавувала таа, како што открива во 2012-та, кога беше поканета да го отвори новото студио на Македонската радиотелевизија, каде ја поминала целата кариера.

За многумина, Бранка беше идол – за оние кои уште од најмала возраст уживале слушајќи го нејзиниот милозвучен глас од кој прозвучуваше литературен македонски јазик, а посебно пример во неа гледаа многу спикери и презентери, како и вљубеници во правоговорот на нашиот јазик, кои имаа многу што да научат од неа низ годините.

Весна Петрушевска објави видео снимка од дамата, која изгледа како да беше единствена која толку прекрасно и точно го говореше македонскиот јазик, а се залагаше тоа да го прават сите новинари.

Во описот на видеото Весна напиша:

„Каков волшебен лик. Слава ти најдрага. Бранка Станковска почина денес на 90 годишна возраст. Македонскиот јазик звучеше прекрасно кога таа го говореше.“

https://www.instagram.com/p/CKUauJrHee9/

По нејзиното заминување, се огласи и Игор Џамбазов:

„Си замина Бранка Станковска. Идол на многу спикери, новинари, презентери, како и на безброј љубители на правоговорот. Жена што зборуваше совршен македонски јазик. Лесно ти небо тетка Бранка!“

Зоки Бејбе, за легендарната македонска ТВ и радио спикерка, напиша: 

„Денес си замина великанот на радио и тв продукцијата, гласот на македонскиот литературен јазик Бранка Станковска! Таа прва проговори на програмата на Телевизија Скопје како тв спикер и водител кој го дефинираше достоинственото однесување на било кој следен кој ќе се појави пред камерите. 1993 година ги подготвуваше новите спикерки на првата приватна национална телевизија А1 и ја искористив приликата да седам и да слушам гледам и учам. Ми се оствари сонот од дете кога си играв спикер и сонував неkогаш да водам радио и тв емисии. Се надевам нашите медиуми и државата ќе го одбележат со достоинствен ин мемориам на секој можен начин бидејќи таа е национален великан.“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина актерот Владимир Ендровски - Љац, еден од омилените во МНТ „Замина нашиот колега Владимир Ендровски, нашиот пријател Љац, ненадминливиот ак...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Бајковита свадба на пар од Скопје - невестата во раскошна венчаница, младоженецот во розов костум и ... „Во брак сме скоро две години, но поради пандемијата, плановите за свадба малку ...
Македонскиот рапер Таско стана татко – со сопругата му дадоа уникатно име на синот „Фала ти Господе за овој прекрасен благослов“, напиша Таско и откри дека станал ...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg